На патеката Силверстоун, Британецот, го послужи среќата со излегување на БВ во вистинскиот момент, по што Валтери Ботас излезе надвор од секоја комбинација за врвот.
Второто место за Финецот, но и третото за Чарлс Леклер, им ги овозможи Себастијан Ветел, кој го "измети" Макс Верстапен надвор од асфалтот и од подиумот.
По гаснењето на црвените светла Луис Хамилтон веднаш започна со притисокот врз својот тимски колега, Валтери Ботас, кој ја имаше Пол позицијата. Британецот успеа накратко да го претекне за водство, но Финецот имаше одговор веќе во следните неколку свиоци и повторно се најде на првото место со одличен претекнување низ свиокот Copse.
Непосердно потоа Ботас успеа да го контролира водството, се до 16-от круг, кога со неговите инженери се договори за промена на почетните жолти гуми со нови од истата смеша.
Набрзо потоа, на крајот од 19-от круг, судбината ја насочи Победата кон Хамилтон, откако Антонио Џовинаци загуби контролата врз неговиот болид низ Club свиокот и заглави во чакалот покрај патеката.
Инцидентот значеше влегување на безбедносното возило, додека Британецот се приближуваше до последниот свиок и веднаш се упати кон боксевите за промена на гумите. Брзата реакција на неговите механичари и излегувањето назад на патеката на бели гуми му го донесоа водството што го задржа до самиот финиш.
Во меѓувреме, Ботас беше стратегиски зафркнат, со потребата за уште едно влегување во бокс. Но, и него го послужи среќата, која надополнета со доброто тркачко темпо на Мерцедес АМГ го остави на второто место.
Додека 80-тата Ф1 Победа во Ф1 кариера на Хамилтон, негова рекордна шеста на Силверстоун и седмата 1-2 Победа на Мерцедес АМГ оваа сезона ги заземат насловите во медиумите, борбата за последното скалило на подиумот помеѓу Ферари и Ред Бул беше она што ја направи оваа трка една од повозбудливите во последно време.
А таа започна уште на самиот старт. Чарлс Леклер се наоѓаше на третата стартна позиција, пред Марк Верстапен. Зад нив, Пјер Гасли, стартуваше од П5, имаше добар напредок, но стартот на Себастијан Ветел беше подобар, па Ферарито успеа да го помине Ред Бул во првиот свиок за 5-тото место.
Понапред, Верстапен се трудеше да го претекне Леклер, но возачот на Ферари добро, и пред се агресивно, како што најави пред почетокот на трката, ја бранеше својата позиција, по што в еден момент изнуди грешка од Холанѓанецот, кој сега се најде под закана од Ветел.
Германецот имаше неуспешен потег за претекнување, што пак го стави под напад од Пјер Гасли, кој се залепи зад него и успеа да го претекне во 12-от круг, заобиколувајќи го Ферарито од внатрешноста страна на 3-от свиок.
Меѓутоа, неговиот претстој на 5-тото место беше краток. На крајот од истиот круг Французинот беше повикан во бокс за промена на своите гуми. Тој повторно се приклучи на акцијата на 10-тото место и нови бели гуми.
Веќе во следниот круг, истовремено во бокс се упатија Леклер и Верстапен. Пит-стоп битката беше добиена од Ред Бул, по движењето низ пит-линијата рамо-до-рамо на двата болиди. Поставеноста на Леклер, беше незгодна за вртењето кон десно, па Моначанецот мораше минимално да се повлече, по што Верстапен се најде на четвртото место.
Сепак, неговата претстој на истото беше краткотраен. Неговите сеуште незагреани гуми немаа грип, па тој не можеше да го спречи Леклер да си го врати 4-тото место.
Она што следуваше беше фантастична борба за позицијата, при што двајцата возачи беа на самите лимити од своите болиди, допирајќи се неколку пати со тркала.
Сепак, битката беше прекината кога Џовинаци изгуби контрола врз својот болид и влегувањето на БВ. Хамилтон беше прв кој влезе во бокс по белите гуми на Пирели, потег за кој кажавме дека му го обезбеди првото место пред Ботас кој не влезе во бокс.
Ветел беше следниот кој се реши за промена на своите гуми, потег кој беше проследен и од Макс Верстапен. Стратегистите на Ферари се мислеа што да прават со Моначанецот, за да по неколку круга биде повикан во бокс за белите гуми, по што тој на патеката се врати на 6-тото место зад возачите на Ред Бул, Гасли и Верстапен. На првите три места се најдоа Хамилтон, Ботас и Ветел.
По повлекување на БВ, борбата помеѓу Ферари и Ред Бул продолжи. Овој пат Леклер беше во офанзива над Верстапен, но овој пат имаше тимска работа од Ред Бул кога Пјер Гасли, без поголем отпор го предаде 4-тото место на својот тимски колега.
Потоа, Французинот издржа пред налетите на Ферарито до 36-тиот круг, кога Моначанецот со извонреден потег од надворешната страна на Stowe свиокот, го претекна Гасли, кој се обиде да се брани, но на крајот мораше да се откаже, а Леклер напредуваше.
Во меѓувреме Верстапен успеа да го стигне Ферарито на Ветел и во 38-от круг, Холанѓанецот успеа да го престигне Германецот, кој пак веднаш се обиде да си ја врати изгубената позиција, но погрешно ја оцени точката за сопирање во следниот свиок, по што заврши во задниот дел на болидот на РБ15.
Двајцата возачи завршија надвор од патеката, но, по неке чудо успеаа да се вратат на асфалтот. Ветел беше прогласен за виновник и му беше одедена казна од 10 секунди, но тој веќе ја имаше изгубено трката откако мораше во бокс за промена на предното крило.
Макс се врати на патеката на петтото место зад Гасли, но немаше обид за претекнување на својот тимски колега. Тој успеа да го донесе својот оштетен болид до самиот финиш и изјави дека е задоволен од забележаните поени за 5-то место.
По комплетирани 52 круга, Луис Хамилтон прв ја премина целната линија, пред Ботас и Леклер, кој по инцидентот Ветел/Верстапен успеа да се врати на победничкиот подиум.
Британецот, исто така, во последниот круг успеа да го забележи најбрзиот круг во трката и го освои дополнителниот еден поен. Со возачите на Ред Бул на четвртото и петтото, шестото место му припадна на Карлос Сајнц Јр. од Мекларен, кој исто така профитираше од безбедносното возило на сметка на својот тимски колега. Зад него, Даниел Рикиардо заврши на седмото место пред Кими Раиконен со Алфа Ромео, Даниел Квјат од Торо Росо и Нико Хулкенберг од Рено.
2019 БРИТАНСКО ГРАН ПРИ 52 круга, 306.198км., Време: Облачно/Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч21:08.452 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 24.928 |
3. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 30.117 |
4. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 34.692 |
5. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 39.458 |
6. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 53.639 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | + 54.401 |
8. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1:05.540 |
9. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1:06.720 |
10. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1:12.733 |
11. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:14.281 |
12. | Алекс Албон | Торо Росо | + 1:15.617 |
13. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1:21.086 |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
15. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1 круг |
17. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:27.369 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | инцидент |
19. | Роман Грожан | Хас | дефект |
20. | Кевин Магнусен | Хас | дефект |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.094 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:55.831 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч21:27.430 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч27:29.789 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч26:52.094 |
|||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 10/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 223 | |
2. | Валтери Ботас | 184 | |
3. | Макс Верстапен | 136 | |
4. | Себастијан Ветел | 123 | |
5. | Чарлс Леклерк | 120 | |
6. | Пјер Гасли | 55 | |
7. | Карлос Саинц ЈР. | 38 | |
8. | Кими Раиконен | 25 | |
9. | Ландо Норис | 22 | |
10. | Даниел Рикиардо | 22 | |
11. | Нико Хулкенберг | 17 | |
12. | Кевин Магнусен | 14 | |
13. | Серџо Перез | 13 | |
14. | Данил Квјат | 12 | |
15. | Алекс Албон | 7 | |
16. | Ленс Строл | 6 | |
17. | Роман Грожан | 2 | |
18. | Антонио Џовинаци | 1 | |
19. | Џорџ Расел | 0 | |
20. | Роберт Кубица | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 407 | |
2. | Ферари | 243 | |
3. | Ред Бул | 191 | |
4. | Мекларен | 60 | |
5. | Рено | 39 | |
6. | Алфа Ромео | 26 | |
7. | Рејсинг Поинт | 19 | |
8. | Торо Росо | 19 | |
9. | Хас | 16 | |
10. | Вилијамс | 0 |