Финкињата која ги пропушти трките во Золдер и Мисано поради повреда, беше најбрз возач на петочните тренинг сесии, форма која ја пренесе и на денешните квалификации.
Она што е интересно е пласманот на фаворитките за Титулата, кои ќе стартуваат од вториот ред, каде Џејми Чадвик беше за минимална десетинка побрза од Бајтске Висер на четвртото место. Исто така, разликата помеѓу нив е 10 поени во генералниот пласман.
Квалификациите се одржаа на сува патека, за разлика од предвидената влажна трка ова попладне која ќе стартува од 16:10 часот по македонско време. Од оваа трка за Македонија телевизиските права ги откупи Арена ТВ, па така да слободните стримови ќе бидат блокирани.
АСЕН - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Ема Кимилаинен | Финска | 1:34.758 | |
2 | Алис Пауел | В.Британија | 1:34.885 | + 0.127 |
3 | Џејми Чадвик | В.Британија | 1:34.931 | + 0.173 |
4 | Бајтске Висер | Холандија | 1:34.939 | + 0.181 |
5 | Сара Мур | В.Британија | 1:35.100 | + 0.342 |
6 | Кејтлин Вуд | Австралија | 1:35.111 | + 0.353 |
7 | Тасмин Пепер | ЈАР | 1:35.255 | + 0.497 |
8 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 1:35.271 | + 0.515 |
9 | Марта Гарсија | Шпанија | 1:35.308 | + 0.550 |
10 | Гоша Рдест | Полска | 1:35.329 | + 0.571 |
11 | Џесика Хокинс | В.Британија | 1:35.345 | + 0.587 |
12 | Вики Пириа | Италија | 1:35.660 | + 0.902 |
13 | Мики Којама | Јапонија | 1:35.723 | + 0.965 |
14 | Сејбр Кук | Америка | 1:35.884 | + 1.126 |
15 | Есми Хоки | В.Британија | 1:35.893 | + 1.135 |
16 | Наоми Шиф | Германија | 1:36.027 | + 1.269 |
17 | Меган Гилкс | Канада | 1:36.158 | + 1.400 |
18 | Шеј Холбрук | Америка | 1:36.355 | + 1.597 |
110% време: 1:44.234
|
||||
ИСТОРИЈА - #WRace5 - Асен
2019 Ема Кимилаинен - 1:34.758
|
||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |