Освојувајќи ја Пол позицијата во квалификациите и забележувајќи го вториот најбрз круг на трката, Гарсија возеше одлично и со денешните 25 поени, се издигна на третото место во генералниот пласман на натпреварувачки, кандидатки за главната награда 1.000.000 долари.
Штета што од оваа трка организацијата на овој шампионат реши да ја стави Македонија на гео-блок, при што беше невозможно да се следи трката во живо, иако колку што знаеме нема ТВ станица која ги има откупено правата за директен пренос. Изминатите три трки течеа без проблеми.
Марта Гарсија, П1: "Прво, квалификациите беа навистина добри. Вчерашните тренинг сесии не беа толку добри, па имаше неколку работи што требаше да ги подобрам, и за среќа успеав да го направам тоа за време на квалификациите. Затоа ја започнав трката од П1 - и останав таму! Имав навистина добар старт, веројатно еден од најдобрите што некогаш сум ги имала, а потоа успеав да го задржам доброто темпо во текот на трката. Мислам дека фактот што Бајтске и Џејми се бореа една со друга, ми даде шанса да се оддалечам од нив. Јас сум навистина, навистина среќна."
Бајтске Висер, П2: "Започнав од петтата позиција, мојот старт беше извонреден, и се пробив до второто место веќе до првиот свиок. Очигледно се обидов да ја стигнам Марта, но таа денес беше пребрза. Таа беше многу брза во квалификациите и во трката. На крајот Џејми се приближи до мене, но секогаш чувствував дека ја имам под контрола. Значи, да, јас сум среќна со моето второ место денес."
Џејми Чадвик, П3: "Тркачот во мене е малку разочаран од третото место, но 15-те поени што ги заработив се важни за шампионатот, иако, денес Бајтске малку ја намали разликата. Се обидував со сите сили да го освојам второто место, но, да бидам искрена, ја запознав прилично добро во текот на изминатите неколку трки и таа ретко прави грешки."
"На оваа трка, за да можам да ја претекнам, таа требаше да направи грешка. Но, таа не направи. На крајот се обидов да извршам притисок врз неа. Почувствував дека имав малку повеќе темпо отколку што има таа, но ми недостигаа уште кругови и, како што реков, не можев да ја принудам да направи грешка, така што беше тешко да ја претекнам. Јас сепак се трудев!"
2019 Формула Ж - #WRace4 - Норисринг 30 минути + 1 круг, Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | БРОЈ | ВРЕМЕ |
1. | Марта Гарсија | 19 | 30:59.755 |
2. | Бајтске Висер | 95 | + 3.619 |
3. | Џејми Чадвик | 55 | + 4.041 |
4. | Фабиен Волвенд | 5 | + 6.176 |
5. | Ема Кимилаинен | 7 | + 6.592 |
6. | Мики Којама | 85 | + 18.300 |
7. | Сејбр Кук | 37 | + 20.029 |
8. | Тасмин Пепер | 31 | + 25.735 |
9. | Есми Хоки | 2 | + 38.281 |
10. | Наоми Шиф | 99 | + 41.467 |
11. | Кејтлин Вуд | 20 | + 42.443 |
12. | Вики Пириа | 11 | + 44.538 |
13. | Вивиен Кеслеј | 77 | + 1 круг |
14. | Гоша Рдест | 3 | + 1 круг |
15. | Шеј Холбрук | 67 | + 2 круга |
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
16. | Џесика Хокинс | 21 | дефект |
17. | Алис Пауел | 27 | дефект |
18. | Сара Мур | 26 | дефект |
19. | Меган Гилкс | 49 | не стартуваше |
19. | Сара Бови | 58 | не стартуваше |
2019 Марта Гарсија - Шпанија @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 4/6*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Џејми Чадвик | 83 | |
2. | Бајтске Висер | 73 | |
3. | Марта Гарсија | 60 | |
4. | Фабиен Волвенд | 41 | |
5. | Алис Пауел | 33 | |
6. | Мики Којама | 30 | |
7. | Сара Мур | 22 | |
8. | Тасмин Пепер | 22 | |
9. | Вики Пириа | 12 | |
10. | Сејбр Кук | 10 | |
11. | Ема Кимилаинен | 10 | |
12. | Есми Хоки | 2 | |
13. | Гоша Рдест | 2 | |
14. | Наоми Шиф | 2 | |
15. | Кејтлин Вуд | 1 | |
16. | Вивиен Кеслеј | 1 | |
17. | Џесика Хокинс | 0 | |
18. | Шеј Холбрук | 0 | |
19. | Меган Гилкс | 0 | |
20. | Сара Бови | 0 |