Тоа е патека, на која за прв пат се одржувале трки во 20-тите години на минатиот век, а од тогаш има многу мали промени во конфигурацијата, што значи дека возачите плаќаат голема цена за мали грешки.
Асфалтната површина е тесна, а многу од свиоците се поминуваат со голема брзина. Затоа тоа е совршено место за решавачката трка за Шампионската Титула во првиот шампионат во Формула Ж. За дебитант или легенда на Ф1, освојувањето на „Брендс Хеч“ има специјално значење.
КРАТКО ИНФО ЗА ТРКАТА | |
КАДЕ | БРЕНДС ХЕЧ, В.БРИТАНИЈА |
КОГА | 10-11 АВГУСТ |
САБОТА 10 АВГУСТ | ТРЕНИНГ 1 11:00 МК ТРЕНИНГ 2 16:40 МК |
НЕДЕЛА 11 АВГУСТ | КВАЛИФИКАЦИИ 11:30-11:55 МК ТРКА 16:10 МК |
Британката има предност од 13 поени во однос на Холанѓанката на врвот на табелата, па со оглед на тоа Џејми Чадвик е силен фаворит за 500.000 долари награда за Шампионката.
Џејми забележа две Победи со тековниот Шампионат, Хокенхајм и Мисано, и заврши на подиумот на секоја трка, додека Бајтске Висер беше победничка во Золдер и заврши на второто место во Мисано и Норисринг. Тие се блиски пријателки, но исто така и жестоки ривалки на патеката.
Само Џејми или Бајтске можат да ја освојат првата награда од 500.000 американски долари, но Холанѓанката ќе треба внимава на Шпанката, Марта Гарсија, која има теоретски шанси за второто место.
Разликата меѓу пласманот на четвртото и осмото место е 40.000 американски долари и натпреварувачките кои ќе забележат поени на оваа трка би можеле да напредуваат многу во Топ 10 пласманот.
Наградниот фонд ќе биде распореден на следниот начин:
1. 500.000 $;
2. 250.000 $;
3. 125.000 $;
4. 100.000 $;
5. 90.000 $;
6. 80,000 $;
7. 70.000 $;
8. 60.000 $,
9. 50.000 $;
10. 40.000 $;
11. 30.000 $;
12. 25.000 $;
13. 20.000 $;
14. 15.000 $;
15-18. 7.500 $;
Резерви. 7.500 $.