Веднаш по започнувањето на Q1 сесијата, Макс Верстапен имаше одличен круг од 1: 15.917 со што се најде на врвот на табелата и најави дека ќе е сериозен конкурент за првата позиција.
Нити еден од неговите ривали не можеше да одговари на неговиот прв сектор, иако најблиску до него беше Луис Хамилтон со Мерцедес АМГ.
Најголеми проблеми во оваа фаза од квалификациите имаше Чарлс Леклерк, кој изгуби контрола над својот болид при влез во последниот свиок за време на брзиот круг и заврши во бариерите покрај патеката.
Тој беше во можност да се врати во својата гаража, каде неговите механичари успеаа да го поправат неговиот болид пред почетокот на Q2 сесијата.
На долниот крај на гридот беа Џорџ Расел, кој успеа да биде побрз од возачите на Рејсинг Поинт, Серџо Перез и Ленс Строл, додека Даниел Рикиардо не го форсираше својот болид, по заработените казни за промена не повеќе делови од Рено ПЕ. Вториот болид на Вилијамс со Роберт Кубица зад неговиот волан убедливо на последното место, П20.
За најбрзите три тима, жолтите гуми неа прв избор за поставување на најбрзите времиња во Q2 сесијата. Луис Хамилтон го имаше најбрзото време, но Верстапен беше тука нехаде со заостанување од само 0.025 делови од секундата.
На крајот од вториот сегмент во зонатата на испаѓање се најдоа Нико Хулкенберг на 11-тата позиција, пред Алекс Албон, Данил Квјат, Антонио Џовинаци и Кевин Магнусен.
Поредокот остана ист и по вторите брзи круга, во кое тројцата возачи го подобрија своите времиња.
Четвртата позиција на гридот му припадна на Чарлс Леклер со Ферари, скоро половина секунда зад Макс, со тимскиот колега од Ферари, Себастијан Ветел на петтата позиција.
Пјер Гасли имаше шесто најбрзо време, за нешто повеќе од три десетинки побавно од тоа на Ветел. Седмата позиција му припадна на Ландо Норис со Мекларен, проследен од тимскиот колега, Карлос Саинц Јр. на осмата позиција.
Последните две места од Топ 10 пласманот им припаднаа на Роман Грожан со Хас и Кими Раиконен со Алфа Ромео.
2019 УНГАРСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:14.572 | |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:14.590 | + 0.018 |
3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:14.769 | + 0.197 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:15.043 | + 0.471 |
5. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:15.071 | + 0.499 |
6. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:15.450 | + 0.878 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | 1:15.800 | + 1.228 |
8. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:15.852 | + 1.280 |
9. | Роман Грожан | Хас | 1:16.015 | + 1.441 |
10. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:16.041 | + 1.469 |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:15.548 | ||||
11. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:16.565 | + 1.017 |
12. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:16.687 | + 1.139 |
13. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:16.692 | + 1.144 |
14. | Антонио Џовинаци* | Алфа Ромео | 1:16.804 | + 1.256 |
15. | Кевин Магнусен | Хас | 1:17.081 | + 1.533 |
Q1 Најбрзо Време: Макс Верстапен - 1:15.817 | ||||
16. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:17.031 | + 1.214 |
17. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.109 | + 1.292 |
18. | Даниел Рикиардо** | Рено | 1:17.257 | + 1.440 |
19. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:17.542 | + 1.725 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:18.324 | + 2.507 |
107% време: 1:21.124 | ||||
* казна од 3 стартни места поради блокирање на возач
** старт од последно место поради промена на делови од ПЕ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:22.715
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22.020
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:19.965
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.276
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:35.658 (дожд)
2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:14.572
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |