На стартот на трката Себастијан Ветел имаше извонреден старт, кој што подоцна се утврди дека бил помогнат од неговиот тимски колега, па од третата позиција по првиот свиок го претекна Хамилтон, а веќе во следниот втор свиок да премине во водство, искористувајќи ја заветрината на Чарлс Леклер.
Подолу во поредокот се случи судир во кој учествуваа Хасот на Роман Грожан, Антонио Џовинаци и Даниел Рикиардо од Рено. Инцидентот резултираше со тоа што за Французинот беше завршена трката, додека Рикиардо и Џовинаци мораа во своите боксеви за поправки.
На патеката излезе безбедносното возило, пред лидерот Себастијан Ветел, Леклер, Хамилтон на третото место пред Карлос Саинц Јр. кој на стартот го претекна Валтери Ботас.
По рестартот, Ветел го одбрани водството пред неговиот тимски колега, ситуација која предизвика обемна и непотребна коресподенција помеѓу двајцата возачи на Ферари со нивните тркачки инженери и Матија Биното.
Се чинеше дека Чарлс Леклер очекувал дека Германецот ќе му дозволи да го превземе водството откако му помогнал на Ветел со заветрина по стартот. На крајот тимското радио заврши со пораката до Моначанецот дека местата ќе бидат променети подоцна во трката.
Леклер беше првиот од водечките што беше повикан во бокс, за промена на црвените со жолти гуми, во 22-от круг. Се врати на патеката на четвртото место зад Ботас, кој успеа да си ја врати позицијата од Карлос Саинц Јр. и веднаш започна да бележи најбрзи времиња.
И покрај тоа што се пожали дека неговите задни гуми се потрошени, Себастијан Ветел остана на патеката до 26-от круг, (крајно несфатлив потег на Ферари) и кога конечно беше повикан во бокс за смена на гуми, водството беше изгубено, со тоа што Леклер го презеде водството.
Кратко по излегувањето од бокс, Себастијан Ветел беше принуден да го запре болидот покрај патеката, по откажувањето на ПЕ во неговиот болид. Тоа предизвика период на Виртуелното Безбедносно Возило, за време на кое Вилијамсот на Џорџ Расел заврши во бариерите покрај патеката, по откажување на неговите предни сопирачки. Веднаш потоа беше распореден вистинското Безбедносно Возило.
Мерцедес АМГ профитираше најмногу во овој период кога сите што немаа сменето гуми побрзаа во бокс за промена на истите. Значително пократката делта за задржување во бокс им овозможи на Хамилтон и на Ботас да дојат пред Леклер, кој веќе беше влезен во бокс.
Макс Верстапен веќе беше на 4-тото место, по стартото од деветтата позиција на гридот, пред Мекларенот на Саинц Јр., Хасот на Кевин Магнусен, вториот Мекларен на Ландо Норис, Серџо Перез и Ленс Строл во болидите на Рејсинг Поинт и вториот Ред Бул на Алекс Албон кој ја стартуваше трката од пит-лентата.
По рестартот на трката започна импресивниот стинт на Тајланѓанецот, кога набрзо ги претекна Строл и Перез во период од два круга, пред да го претекне Ландо Норис во 34-от круг за седмото место.
Потоа, Албон започна да го лови Хасот на Кевин Магнусен, кој беше престигнат во 42-от круг, со напад кој започна при сопирањето 13-от свиок. Следен на неговиот нишан беше Карлос Саинц Јр. кој беше подеднакво брилијантно претекнат на почетокот од 49 круг.
Со тоа беше обезбедено 5-тото место и можеби титулата Возач на денот, барем според нас. Тоа не го мислеа Ф1 фановите ширум светот кои таа титула му ја дадоа на Себастијан Ветел.
Поредокот остана непроменет сè до крајот на трката. Леклер со крајни сили се обидуваше да го претекне Валтери Ботас, но Финецот се спротивстави на притисокот. По комплетирани 53 круга, Луис Хамилтон ја премина целната линија забележувајќи ја својата деветта победа во сезоната, два круга претходно забележувајќи го најбрзиот круг во трката за дополнителниот еден поен.
Валтери Ботас и Чарлс Леклер го комплетираа Победничкиот Подиум, додека Верстапен и Албон ги зазедоа четвртото и петтото место, соодветно. Карлос Саинц Јр. го зазеде шестото место за Мекларен пред Серџо Перез.
Ландо Норис го потврди позитивниот резултат за Мекларен со осмото место, додека Кевин Магнусен успеа да го задржи 9-тото место и покрај тоа што му беше изречена казна од пет секунди за напуштање на патеката во вториот свиок, при тоа стекнувајќи се со недозволена предност порано во трката. Последното место му припадна на Нико Хулкенберг со болидот на Рено.
| 2019 РУСКО ГРАН ПРИ - СОЧИ 53 круга, 304.356км., Време: Суво |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч33:38.992 |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 3.829 |
| 3. | Чарлс Леклер | Ферари | + 5.212 |
| 4. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 14.210 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | + 38.348 |
| 6. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 45.889 |
| 7. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 48.728 |
| 8. | Кевин Магнусен | Хас | + 57.749 |
| 9. | Ландо Норис | Мекларен | + 58.779 |
| 10. | Нико Хулкенберг | Рено | + 59.841 |
| 11. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1:00.821 |
| 12. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1:02.496 |
| 13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1:08.910 |
| 14. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1:10.076 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1:13.346 |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:35.761 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 16. | Роберт Кубица | Вилијамс | дефект |
| 17. | Џорџ Расел | Вилијамс | излетување |
| 18. | Себастијан Ветел | Ферари | дефект |
| 19. | Даниел Рикиардо | Рено | судир |
| 20. | Роман Грожан | Хас | судир |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч37:11.024 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:41.997 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч28:08.743 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч35:11.611 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:38.992 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 16/21 ТРКИ*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 322 | |
| 2. | Валтери Ботас | 249 | |
| 3. | Чарлс Леклер | 215 | |
| 4. | Макс Верстапен | 212 | |
| 5. | Себастијан Ветел | 194 | |
| 6. | Пјер Гасли | 69 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 66 | |
| 8. | Алекс Албон | 52 | |
| 9. | Ландо Норис | 35 | |
| 10. | Даниел Рикиардо | 34 | |
| 11. | Нико Хулкенберг | 34 | |
| 12. | Даниел Квјат | 33 | |
| 13. | Серџо Перез | 33 | |
| 14. | Кими Раиконен | 31 | |
| 15. | Кевин Магнусен | 20 | |
| 16. | Ленс Строл | 19 | |
| 17. | Роман Грожан | 8 | |
| 18. | Антонио Џовинаци | 4 | |
| 19. | Роберт Кубица | 1 | |
| 20. | Џорџ Расел | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 571 | |
| 2. | Ферари | 409 | |
| 3. | Ред Бул | 311 | |
| 4. | Мекларен | 101 | |
| 5. | Рено | 68 | |
| 6. | Торо Росо | 55 | |
| 7. | Рејсинг Поинт | 52 | |
| 8. | Алфа Ромео | 35 | |
| 9. | Хас | 28 | |
| 10. | Вилијамс | 1 | |










