Мерцедес АМГ забележа 1-2 Победа во Сочи. Тоа беше 82-ра за Луис Хамилтон во Формула 1, негова деветта оваа 2019 сезона и четврта на Големата Награда на Русија. Валтери Ботас финишираше на второто место, обезбедувајќи ја осмата двојна победа за тимот во 2019 година. Вчерашната трката беше 143-та на која Луис Хамилтон бил во водство, соборувајќи го рекордот на Михаел Шумахер, 142.
Британецот сега има 322 поени на врвот од генералниот пласман на возачи, 73 повеќе од Валтери Ботас на второто место. Мерцедес АМГ има 571 поен кај конструкторите, 162 повеќе од второ пласираниот тим на Ферари, 409 поени.
Фред Џад, еден од раководните инженери на Мерцедес АМГ, го прими трофејот за Конструктори во име на тимот.
Чарлс Леклер беше првиот од двата болиди на Ферари кој ги посети своите механичари за промена на гуми. Четири круга подоцна, тоа го направи неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, но по неговото излегување на патеката се појавија проблеми со хибридниот дел на SF90 и тој мораше да го паркира болидот покрај патеката.
Беше воведено ВБВ, што им овозможи на оние кои сè уште не ги промениле своите гуми можност да го сторат тоа, губејќи само половина од времето на нормално пит-стоп застанување.
Луис Хамилтон, П1: "Се чувствувам дека оваа Победа дојде по многу време и беше резултат на неверојатната работа од целиот тим, кој никогаш не се откажува и секогаш се обидува да биде иновативен. Неверојатно е инспиративно да се биде дел од тоа и неверојатно е да се постигне овој резултат со оглед на тоа колку брзи беа Ферари во првиот стинт."
"Имав тешка задача да останам во чекор со нив, особено на жолтите гуми. Нашите пресметки дека црвените гуми се полош избор за старт на трката беа половично точни. Тие започнаа да губат темпо, но многу подоцна од пресметките. Чарлс прв влезе во бокс, а тогаш започнав да го стигнувам Себ, и бевме во добра позиција да го неутрализираме со долго останување на патеката."
"Ако не излезеше Безбедносното возило, ќе имаше добра трка за фановите. Но, со него се се сврти во наша полза, и после тоа беше прашање да се изгради одредена предност, да се заштедат гумите, но и да се дојде до финиш што е можно непречено. Тие беа на друга планета кога стартувавме, па чувството е прекрасно кога ќе го победите фаворитот."
Валтери Ботас, П2: "Помина подолго време од нашата последна 1-2 Победа и се чувствувам навистина добро, што повторно сме заедно на подиумот. Навистина е охрабрувачки и мотивирачки за целиот тим. Знаевме дека 1-2 ќе биде тешко да се постигне, но можно, затоа зборувавме за сите различни стратегии што ќе ни дадат таква шанса, и мислам дека направивме навистина добра работа како тим."
"Ова е навистина добар резултат ако размислите колку многу заостанувавме во саботата. Ферари имаше брз болид целиот викенд, мислам дека и денес беа побрзи. Изгубив доста време кога на почетокот бев заглавен зад Саинц и исто така се мачев со времињата на жолтите гуми, но кога променивме на црвените се беше многу подобро."
"Бев под мал притисок после рестартот на трката, но, се беше под контрола. Ферари има подобрувања во изминатите неколку недели, така што знаеме дека треба да продолжиме да работиме напорно за следната трка во Јапонија, но јас со нетрпение го чекам предизвикот."
Чарлс Леклер, П3: "Беше незгодна трка. Мислам дека имавме добра стратегија, која требаше да ни донесе најдобар резултат како тим. На стартот на трката, му помогнав на Себастијан за да можеме да имаме 1-2 пласман. Потоа, по безбедносното возило, работите станаа покомплицирани и ние имавме за цел да го пронајдеме вистинскиот тајминг за размена на позициите, што го сторивме кога Себ влезе во бокс."
"За жал, се појави проблем со неговиот болид и тој мораше рано да ја заврши трката. Од тој момент, по нас се тргна надолу и не беше возможно за мене да ги претекнам двата болиди пред себе. Откако имавме толку силен викенд, завршувањето на трката со едниот болид на трето место, не е најдобро чувство."
"Но, ние сме сигурни во нашиот потенцијал и ќе се вратиме на следните трки со одлучност и ќе ги дадеме се од себе да ги забележиме најдобри можни резултати."
ВПЕЧАТОЦИ НА ПОБЕДНИЧКАТА ТРОЈКА ОД СОЧИ
9/30/2019 11:35:00 AM
0
Tags
Share to other apps







