Макс Верстапен заврши на врвот на табелата, забележувајќи го најбрзото време на црвените гуми на Пирели. Себастијан Ветел и Луис Хамилтон ги заокружуваат најбрзите тројца возачи, со седум десетинки разлика помеѓу нив.
Валтери Ботас, кој го забележа 4-тото најбрзо време, некако ја немаше препознатливата Финска ладнокрвност, па повеќе пати беше потсетуван од неговите инженери да не форсира по правливите области, по направените неколку невообичаени грешки.
Тоа не вроди со плод, па на крај Финецот заврши во заштитните бариери покрај патеката при 19-от свиок. "Извинете момци...", беше почетокот на цензурираната натамошна негова порака по тимското радио.
Toj влезе премногу агресивно во свиокот, го губи задниот дел и заврши во бариерите.
Проблеми за Леклер! Неговиот тимски колега, Себастијан Ветел имаше добра сесија, додека младиот Моначанец бавно се упати кон својата гаража, најверојатно со проблеми со менувачот.
Солиден почеток на викендот за Нико Хулкенберг со болидот на Рено. Германецот е под голем притисок да обезбеди возачко место за следната сезона, но тоа не го спречи да биде далеку побрз од неговиот тимски колега, Даниел Рикиардо кој некако не беше задоволен со однесувањето на RS19.
Вториот тренинг ќe се одвива во порепрезентативни услови кои ќе владеат за време на квалификациите и трката, ќе започне под светла во 20:30 по локално време, 14:30 по наше, македонско време.
2019 СИНГАПУР ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:40.259 | 22 | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:40.426 | + 0.167 | 23 |
3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:40.925 | + 0.667 | 26 |
4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:41.336 | + 1.077 | 14 |
5 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:41.467 | + 1.208 | 24 |
6 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:41.812 | + 1.553 | 26 |
7 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:41.967 | + 1.707 | 20 |
8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:42.180 | + 1.921 | 19 |
9 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:42.305 | + 2.046 | 26 |
10 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:42.377 | + 2.118 | 24 |
11 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:42.527 | + 2.268 | 20 |
12 | Роман Грожан | Хас | 1:42.630 | + 2.371 | 23 |
13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:42.677 | + 2.418 | 15 |
14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:42.786 | + 2.527 | 14 |
15 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:42.791 | + 2.532 | 28 |
16 | Кевин Магнусен | Хас | 1:43.150 | + 2.891 | 22 |
17 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:43.336 | + 3.077 | 28 |
18 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:43.369 | + 3.110 | 21 |
19 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:43.618 | + 3.359 | 12 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:43.993 | + 3.734 | 29 |
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:49.056 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:47.995 2016 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:45.823 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:42.489 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:39.711 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:40.259 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |