Според тркачкото темпо, пресметано според времињата забележани на оваа сесија, Победникот е веќе познат!!! Тоа ќе биде еден од двата возачи на Мерцедес АМГ, чиј болид има предност од 8 десетинки во однос на Ред Бул и речиси 1.5 секунда во однос на Ферари на црвените гуми. Кога се во прашање жолтите гуми разликата е помала, но релативно висока.
Валтери Ботас заврши на четвртото место, пред Алекс Албон со Ред Бул, кој го загуби предното крило рано во сесијата кога неговите предни тркала блокираа при сопирање и тој заврши во заштитната бариера на влез во 10-от свиок, но тоа беше единствената штета на неговиот RB15.
Проблемите на Чарлс Леклер со менувачот на своето Ферари беа решени, но, Моначанецот заврши на шестото место, со 1.245 секунди заостанување зад Хамилтон. Двајцата возачи на Италијанскиот тим беа фрустрирани од сообраќајната гужва на патеката.
Карлос Саинц Јр. константно е меѓу најбрзите возачи во средината на поредокот и беше само десетинка побавен од Ферарито на Леклер, но пред ривалот од Рено, Нико Хулкенберг.
Ландо Норис беше деветти на втората сесија, а најбрзите 10 возачи ги заокружи Пјер Гасли, со болидот на Торо Росо.
Имавме помал инцидент кога настинатиот Серџо Перез го притисна Кевин Магнусен кон заштитните бариери. Стјуардите го забележаа настанот и двајцата возачи беа повикани да се јават на рапорт по сесијата.
Тркачкиот викенд во Сингапур на патеката Марина Беј продолжува со саботниот тренинг и Квалификациите, кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
2019 СИНГАПУР ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:38.773 | 29 | |
2 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:38.957 | + 0.184 | 29 |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:39.591 | + 0.818 | 31 |
4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:39.894 | + 1.121 | 30 |
5 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:39.943 | + 1.170 | 30 |
6 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:40.018 | + 1.245 | 31 |
7 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:40.145 | + 1.372 | 33 |
8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:40.324 | + 1.551 | 30 |
9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:40.361 | + 1.588 | 35 |
10 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:40.637 | + 1.864 | 32 |
11 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:40.715 | + 1.940 | 32 |
12 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:40.811 | + 2.038 | 30 |
13 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:40.875 | + 2.102 | 29 |
14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:41.128 | + 2.355 | 35 |
15 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:41.128 | + 2.355 | 31 |
16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:41.232 | + 2.459 | 28 |
17 | Роман Грожан | Хас | 1:41.392 | + 2.619 | 26 |
18 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:41.445 | + 2.672 | 35 |
19 | Кевин Магнусен | Хас | 1:41.564 | + 2.791 | 30 |
20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:42.177 | + 3.404 | 35 |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.490 2015 Данил Квјат - Ред Бул - 1:46.142 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:44.152 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:40.852 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:38.699 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:1:38.773 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |