На стартот од трката Моначанецот го задржа водството по првиот свиок, пред Хамилтон и Ботас. Зад нив, Себастијан Ветел во второто Ферари, загуби позиција од Нико Хулкенберг и падна од почетната 4-та позиција на петтото место.
Сепак, Германецот брзо се консолидираше и на почетокот на следниот круг се врати на четвртото место со претекнување низ првиот свиок.
Неговата несигурност, повторно стапи на сцена веќе во 5-от круг, кога ја изгуби контролата врз својот Ферари во свиокот Аскари. Да биде уште поголема трагедија по него, при враќањето назад на патеката, беше невнимателен и се суди со Ленс Строл.
При овој контакт тој го оштети носот на болидот, додека Канаѓанецот исто така излета надвор од патеката. Возачот на Рејсинг Поинт беше гневен на Ветел, но, при неговото враќање назад на патеката го преслика потегот на Германецот, принудувајќи го Пјер Гасли со Торо Росо да го заобиколи низ чакалот покрај патеката.
Инцидентите резултираа со тоа што Ветел заработи казна од 10 секунди стоење во бокс, додека Строл доби само возење низ пит-линијата. Двајцата возачи по отслужувањето на казните паднаа во задниот дел од поредокот.
Напред, Луис Хамилтон беше првиот од водечките кој се реши за посета на своите механичари за промена на гуми. Возачот на Мерцедес АМГ се одлучи за жолтите гуми и се врати на петтото место.
Ферари го следеше овој потег, веќе во следниот круг, со тоа што Леклер ги избра белите гуми, избор кој ќе се покаже како клучен подоцна во трката.
Леклерк излезе со мала предност на патеката пред актуелниот Шампион, Луис Хамилтон, која што возачот на Мерцедес АМГ брзо почна да ја намалува.
Следуваше дуел на Моначанецот со Нико Хулкенберг од надворешната страна на Параболика за да го врати третото место, но, со тоа му овозможи сериозен напад на Хамилтон низ првиот свиок и втората шикана.
Леклер, со крајни напори, успеа да се одбрани, но, Британецот беше принуден да ја напушти патеката и да ја пресече шиканата. Оваа одбрана на возачот на Ферари му донесе црно-бело знаме за неспортско однесување.
Притисокот на Хамилтон не попушташе, па нивниот следен дуел беше во 36-от круг кога Леклер направи грешка при сопирање во првиот свиок, по што беше принуден да ја исече првата шикана. Хамилтон се обиде да го претекне во втората шикана, но Леклер повторно се одбрани со крајни напори и голема доза на дрскост.
Со преостанати 15 круга до крајот на трката, жолтите гуми на Хамилтон почнаа да ги губат нивните перформанси, по што беше стигнат и престигнат по неговата грешка во првиот свиок од Валтери Ботас за второто место.
Со значително посвежи жолти гуми, Финецот тргна во потера на Ферарито за првото место, додека Луис Хамилтон, влезе во бокс по нови гуми за да го забележи најбрзиот круг на трката.
Валтери Ботас не беше во можност да пружи борба со Леклер на ниво на неговиот тимски колега, по што Моначанецот ја забележа својата втора победа во Формула 1 кариерата и прва победа за Ферари на домашно тло од 2010 година.
Луис Хамилтон беше трет, пред возачите на Рено, Даниел Рикиардо и Нико Хулкенберг кои беа четврти и петти, соодветно. Алекс Албон со болидот на Ред Бул финишираше на 6-тото место.
Неговиот тимски колега, Макс Верстапен, кој стартуваше од последниот стартен ред, беше 8-ми, но 7-то место на Серџо Перез беше ставено под огромен притисок во последните кругови. Зад Верстапен, последните позиции кои носат поени ги зазедоа Антонио Џовинаци со Алфа Ромео и Ландо Норис со Мекларен.
2019 ИТАЛИЈАНСКО ГРАН ПРИ - МОНЦА 53 круга, 306.720км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | РАЗЛИКА |
1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1ч15:26.665 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 0.835 |
3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 35.199 |
4. | Даниел Рикиардо | Рено | + 45.515 |
5. | Нико Хулкенберг | Рено | + 58.165 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | + 59.315 |
7. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1:13.802 |
8. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 1:14.492 |
9. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
10. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
11. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
13. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1 круг |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
15. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
16. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
17. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:21.779 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Кевин Магнусен | Хас | дефект |
19. | Даниел Квјат | Торо Росо | дефект |
20. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | дефект |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч19:10.236 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч18:00.688 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч17:28.089 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч15:32.312 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч16:54.484 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1ч15:26.665 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 14/21 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 284 | |
2. | Валтери Ботас | 221 | |
3. | Макс Верстапен | 185 | |
4. | Чарлс Леклер | 182 | |
5. | Себастијан Ветел | 169 | |
6. | Пјер Гасли | 65 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 58 | |
8. | Даниел Рикиардо | 34 | |
9. | Алекс Албон | 34 | |
10. | Даниел Квјат | 33 | |
11. | Нико Хулкенберг | 31 | |
12. | Кими Раиконен | 31 | |
13. | Серџо Перез | 27 | |
14. | Ландо Норис | 25 | |
15. | Ленс Строл | 19 | |
16. | Даниел Квјат | 18 | |
17. | Роман Грожан | 8 | |
18. | Антонио Џовинаци | 3 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 505 | |
2. | Ферари | 351 | |
3. | Ред Бул | 266 | |
4. | Мекларен | 83 | |
5. | Рено | 65 | |
6. | Торо Росо | 51 | |
7. | Рејсинг Поинт | 46 | |
8. | Алфа Ромео | 34 | |
9. | Хас | 26 | |
10. | Вилијамс | 1 |