Тимот на Вилијамс излезе со официјално соопштение дека Роберт Кубица решил да го напушти тимот на крајот на оваа 2019 сезона.
Полјакот го импресионираше тимот по спроведувањето на неколку тестови за Вилијамс во 2017 година, што резултираше во тоа тој да ја преземе улогата на развоен и резервен возач за сезоната 2018.
Во 2019 година, тој ја зеде улогата како нивни тркачки возач, како тимски колега на Џорџ Расел. Тој го забележа првиот поен за Вилијамс на Германското Гран При.
Тимот ќе ја објави својата возачка постава за 2020 година во догледно време.
Роберт Кубица: "Би сакал да им се заблагодарам на сите во тимот со кои се дружевме во последните две години и кои што помогнаа да направам враќање во Формула 1 Шампионатот. Уживав во времето со Вилијамс, како развоен, резервен и како тимски возач за оваа година, но, чувствувам дека сега е време за мене да се префрлам кон следното поглавје во мојата кариера."
Клер Вилијамс, заменик директор на тимот: "Би сакал да му се заблагодарам на Роберт за неговата напорна работа и ја почитувам неговата одлука да го напушти тимот на крајот на 2019 сезоната. Роберт е важен член на тимот во сите свои улоги. Му се заблагодаруваме за неговите континуирани напори во текот на сите предизвикувачки сезони и му посакуваме се најдобро во неговите идни ангажмани."
РОБЕРТ КУБИЦА ГО НАПУШТА ВИЛИЈАМС НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА
9/19/2019 02:54:00 PM
0
Share to other apps