Возачката постава на Хас Ф1 нема да се промени, од овој тим денес официјално ги потврдија договорите со Роман Грожан и Кевин Магнусен за сезоната 2020.
Гинтер Штајнер , Шеф на тимот: "Откако ги потврдивме Роман и Кевин за сезоната 2020, добивме добра основа за понатамошен раст. Нивното разбирање за тоа како работи нашиот тим и нашата доверба во нивните вештини, ни даваат важен континуитет и добра основа за развој. Тековната сезоната се покажа како тешка за нас, на VF-19 му недостигаше стабилност, но искуството што го стекнавме ќе му помогне на тимот да постигне повеќе во 2020 година. "
Роман Грожан: "Отсекогаш велев дека сакам да останам во Хас Ф1 и да му помогнам на тимот да напредува. Бев во тимот од самиот почеток и јас сум импресиониран од напорите на Џин Хас и Гунтер Штајнер да ја зголемат конкурентноста на тимот. Заземајќи го петтото место во минатата сезона, во третата година откако го создадовме тимот, постигнавме импресивен резултат. Оваа сезона не е лесна за нас, но ние го користиме искуството од минатото и оваа година за да постигнеме повеќе во 2020 година. Со нетрпение очекувам да продолжиме да работиме заедно."
Кевин Магнусен: "Убаво е да се знае дека ќе останам во тимот и ќе продолжам да работам, ова е позитивна вест по тешката сезона за нас. Знам дека ќе ги рабереме тековните проблеми и ќе се вратиме на нивото на настапи што ги демонстриравме во 2018 година. Имаме вистинска возачка постава, предводени од Џин Хас и Гунтер Штајнер. Никој од нас не е задоволен од тоа како ја поминуваме оваа сезона, сите сме фокусирани кон напредок. Благодарен сум на тимот што верува во мене. Имаме заедничка цел. Заедно со Роман, ќе го предводиме тимот напред, и оваа година и следната."
ШЕФОТ ИМ ПРОСТИ: ХАС ОСТАНУВА СО ИСТА ВОЗАЧКА ПОСТАВА
9/19/2019 01:30:00 PM
0
Share to other apps