Со гаснењето на црвените светла, најбрза реакција имаше возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас, кој од третата позиција ги претекна двата болиди на Ферари, кои имаа лоши стартови, за првото место веќе по неколку метра од стартната линија.
Првично, се чинеше дека Ветел имаше предвремен старт, но по разгледување на инцидентот, стјуардите утврдија дека тој не излегол надвор од неговото стартно место, по што беше ослободен од секаква вина.
Сепак, лошиот тајминг резултираше да го изгуби водството од Валтери Ботас, додека третопласираниот Леклерк веднаш се најде под притисок на Макс Верстапен од Ред Бул.
Холанѓанецот се обиде да го престигне Моначанецот од надворешната страна на првиот свиок, но тоа заврши со контакт и Ред Булот заврши надвор од патеката. Кога тој се врати на асфалтот се најде во задниот дел од поредокот.
Зад лидерите Алекс Албон во вториот Ред Бул, исто така, имаше лош старт од шестата позиција, по што беше претекнат од возачите на Мекларен, па на крајот од првиот круг се најде на седмото место.
Кога се созеде, Тајлаѓанецот веднаш премина во напад, па на крајот од 4-от круг, на сила го претекна Ландо Норис при последната шикана. Норис протестираше дека бил истуркан надвор од патеката, но стјуардите на крајот одлучија дека се било во границите на дозволеното.
По почетниот контакт со Верстапен, Чарлс Леклерк продолжи да вози неколку круга на третото место, но остатоци од неговото предно крило летаа насекаде, по што тој беше приморан да ги посети своите механичари за смена на предното крило.
Останувањето неколку круга на патеката со дефектен болид му донесе казна од 10 секунди од стјуардите, плус дополнителни 5 сек. за тоа што беше прогласен за виновен за судирот со Верстапен.
На патеката се врати на задниот дел од гридот, по што започна неговиот поход кон напред, па веќе во 14-от круг се најде на 13-тото место.
Верстапен, исто така се врати на патеката, но не без последици, а по тимското радио се пожали дека неговиот болид не е стабилен при сопирање по судирот со Леклерк. На крај тој мораше да ја заврши трката пред време по само 14 изминати круга.
Алекс Албон кој имаше лесна задача со Ландо Норис, остана заглавен за вториот Мекларен на Саинц Јр., кој правеше добра работа за одбрана на 4-тото место. Поради тоа од тимот на Ред Бул се решија да го повикаат во бокс веќе во 15-от круг. Тој премина на жолтите гуми и се врати на патеката на 11-тото место. По него во бокс следуваше Ветел, кој се одлучи за нов сет на црвени гуми, а потоа Ботас и Хамилтон, и двајцата преминаа на жолтите гуми.
Албон повторно напредуваше низ поредокот и се врати на 5-тото место во 21-от круг, каде повторно наиде на Саинц Јр., кој имаше долг прв стинт, во обид да има едно застанување во бокс. Шпанецот ги псети своите механичари во 26-от круг, по што му остави празен простор на Албон кој започна да прави разлика пред својот втор пит-стоп.
Напред, Себастијан Ветел се најде под притисок на Хамилтон, по што Италијанците се решија да го повикаат Германецот во бокс за промена на гуми во 31-от круг, кога на патеката излезе на жолтите гуми и 20 секунди зад Хамилтон. Валтери Ботас влезе во бокс во 36-от круг за промена на жолтите со црвени гуми.
Хамилтон го презеде водството на трката и имаше нервозни моменти за Финецот бидејќи Британецот се чинеше дека е задоволен од своите жолти гуми и изгледаше како да брка завршување на трката без втор пит-стоп.
Сепак, во 42-от круг, тој беше повикан во бокс, по што излезе на патеката пет секунди зад вторпласираниот болид на Ферари.
Разликата беше анулирана на четири круга до крајот на трката, по што лидерот во Шампионатот почна да го притиска Германецот. Но, Ветел имаше предност на правците и успеваше да го задржи Британецот зад себе.
По 53 круга, Ботас ја мина линијата за да ја забележи својата шеста победа во кариерата, со Ветел на второто место пред Хамилтон на третото. Алекс Албон ја мина целната линија на четвртото место, за да го забележи својот најдобар резултат во Ф1 кариерата. По завршување на трката се утврди дека знамето за крај било покажано еден круг порано, по што како конечен пласман на трката се важи редоследот до 52 круг.
Мерцедес АМГ со 612 поени и недостижна предност пред второпласираниот тим на Ферари ја обезбеди 6-тата последователна Шампионска Титула кај поредокот на конструктори. Ферари има 435 поени, а Ред Бул моментно е трет со 323 поени.
| 2019 ЈАПОНСКО ГП - СУЗУКА 52 круга, 307.471км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | РАЗЛИКА |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1h21:46.755 |
| 2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 13.343 |
| 3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 13.858 |
| 4. | Алекс Албон | Ред Бул | + 59.537 |
| 5. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 1:09.101 |
| 6. | Чарлс Леклерк* | Ферари | + 1 круг |
| 7. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
| 8. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
| 9. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
| 10. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1 круг |
| 11. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
| 12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 13. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 15. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
| 16. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
| 17. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН- 1:30.983 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 18. | Макс Верстапен | Ред Бул | судир/дефект. |
| 19. | Даниел Рикиардо** | Рено | Дискв. |
| 20. | Нико Хулкенберг** | Рено | Дискв. |
* 5/10 сек. казна - предизвикување судир/возење небезбеден болид
**Пласманот е оспорен од тимот на Рејсинг Поинт.
(ФИА одлучи да ги дисквалификува возачите на Рено) 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч28:06.508 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч26:43.333 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч27:31.194 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч27:17.062 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч21:46.755 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 17/21 ТРКИ*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 338 | |
| 2. | Валтери Ботас | 274 | |
| 3. | Чарлс Леклерк | 223 | |
| 4. | Макс Верстапен | 212 | |
| 5. | Себастијан Ветел | 212 | |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | 76 | |
| 7. | Пјер Гасли | 75 | |
| 8. | Алекс Албон | 64 | |
| 9. | Серџо Перез | 37 | |
| 10. | Ландо Норис | 35 | |
| 11. | Даниел Рикиардо | 34 | |
| 12. | Нико Хулкенберг | 34 | |
| 13. | Даниел Квјат | 34 | |
| 14. | Кими Раиконен | 31 | |
| 15. | Ленс Строл | 21 | |
| 16. | Кевин Магнусен | 20 | |
| 17. | Роман Грожан | 8 | |
| 18. | Антонио Џовинаци | 4 | |
| 19. | Роберт Кубица | 1 | |
| 20. | Џорџ Расел | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 612 | |
| 2. | Ферари | 435 | |
| 3. | Ред Бул | 323 | |
| 4. | Мекларен | 111 | |
| 5. | Рено | 68 | |
| 6. | Торо Росо | 62 | |
| 7. | Рејсинг Поинт | 58 | |
| 8. | Алфа Ромео | 35 | |
| 9. | Хас | 28 | |
| 10. | Вилијамс | 1 | |



