Во Саботата, поради пристигнувањето на Тајфунот Хагибис беа откажани сите активности на патеката, па квалификациите започнаа во неделата наутро.
Q1 сесијата, започна со две последователни црвени знамиња. Прво, Роберт Кубица со Вилијамс излета во 18-от свиок и заврши во бариерите, а потоа, по осум минути застој, речиси истото излетување го повтори Кевин Магнусен со болидот на Хас. Данецот успеа да го врати својот болид на патеката, и да го довезе до својата гаража. Сепак тој не беше во можност да учествува на остатокот од сесијата.
По рестартот на квалификациите, Чарлс Леклерк со Ферари го имаше најбрзото време пред Хамилтон и Макс Верстапен, додека елиминирани на крајот од Q1 сесијата беа Даниел Рикиардо со Рено на 16-тата позиција, пред Серџо Перез со Рејсинг Поинт, Џорџ Расел со Вилијамс, Магнусен и Кубица.
При Q2 сесијата, најпрвин Ветел го забележа најбрзото време, кое набргу беше подобрено од Луис Хамилтон, т.е. Валтери Ботас. Алекс Албон беше импресивен за Ред Бул, кој во вториот обид го подобри своето време за скоро седум десетинки од секундата во однос на неговиот прв обид, забележувајќи го третото најбрзо време.
Возачите на Ферари избраа да ги прескокнат вторите брзи круга, по што Ветел заврши како четврти пред Леклерк и Верстапен. Зад Холанѓанецот, Ландо Норис го донесе својот Мекларен во топ 10, пред тимскиот колега Карлос Саинц Јр., Пјер Гасли и Роман Грожан.
Елиминирани на крајот од Q2 сесијата беа Антонио Џовинаци со Алфа Ромео на 11-тата позиција, по што следуваа Ленс Строл со Рејсинг Поинт, втората Алфа на Кими Раиконен, вториот болид на Торо Росо со Даниел Квјат и Нико Хулкенберг од Рено.
Себастијан Ветел го имаше најбрзото темпо во последната Q3 сесија за нова Пол позиција на Ферари. Германецот забележа неверојатно време за нов рекорд на патеката од 1:27.064, скоро две десетинки од секундата побрзо од неговиот тимски колега Чарлс Леклерк.
Зад болидите на Ферари, кои го обезбедија првиот стартен ред, на вториот ред се пласираа возачите на Мерцедес АМГ, со Валтери Ботас пред Луис Хамилтон.
Болидите на Ред Бул се пласираа на третиот стартен ред, при што Макс Верстапен и Алекс Албон забележаа идентични времиња, но Холанѓанецот ќе стартува од П5, поради тоа што прв ја помина целната линија. Импресивен настап од страна на Алекс Албон на неговиот прв Ф1 викенд во Сузука.
Во ситуација кога секој тим имаше по еден стартен ред, како следни на четвртиот ред се најдоа возачите на Мекларен, со Карлос Саинц Јр. пред Ландо Норис. Пјер Гасли одличен 9-ти за Торо Росо пред Роман Грожан со Хас за заокружување на најбрзите 10 возачи.
| 2019 ЈАПОНСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.064 | |
| 2. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:27.253 | + 0.189 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:27.293 | + 0.229 |
| 4. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.302 | + 0.238 |
| 5. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:27.851 | + 0.787 |
| 6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:27.851 | + 0.787 |
| 7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:28.304 | + 1.240 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:28.464 | + 1.400 |
| 9. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:28.836 | + 1.772 |
| 10. | Роман Грожан | Хас | 1:29.341 | + 2.277 |
| Q2 Најбрз Круг: Валтери Ботас - 1:27.688 | ||||
| 11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:29.254 | + 1.567 |
| 12. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:29.345 | + 1.657 |
| 13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:29.358 | + 1.670 |
| 14. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:29.563 | + 1.875 |
| 15. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:30.112 | + 2.424 |
| Q1 Најбрз Круг: Чарлс Леклерк - 1:28.405 | ||||
| 16. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:29.822 | + 1.417 |
| 17. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:30.344 | + 1.939 |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.364 | + 1.959 |
| 19. | Кевин Магнусен | Хас* | / | / |
| 20. | Роберт Кубица | Вилијамс** | / | / |
| 107% time: 1:34.593 | ||||
*5 места - промена на менувач
** старт од пит-линијата - промена на шасија
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.506
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:1:32.584
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:30.647
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.319
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.760
2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.064
@MakFormula1 - Republic of Macedonia |
||||






