Лидерот во шампионатот Луис Хамилтон беше четврт, но имаше доста конкуретно време до излетувањето на својот тимски колега, кој што заврши во заштитните бариери покрај патеката. Финецот е добар, но неговиот болид има посериозни оштетувања. Минимално ќе помине само со нов менувач и казна од 5 стартни места.
Макс Верстапен го имаше најбрзото време и по првите излегувања на патеката во Q3, со 0.114 секунди побрзо време од Леклерк. Тој потоа се подобри при неговиот последен брз круг, иако неговото прво време ќе беше доволно добар за да ја обезбеди Пол позицијата, но тој го заврши со виолетов сектор, иако беа покажани жолти знамиња по големиот инцидент на Валтери Ботас во последниот свиок.
Алекс Албон, во вториот Ред Бул, беше петти најбрз, но 0.580 секунди побавен од неговиот тимски колега. Сепак, успеа да биде 0.002 секунди побрз од Валтери Ботас, кој беше на пат да го подобри своето време кога заврши во бариерите при неговиот последен обид.
Мекларен доминираше во битката за најдобри од останатите, со тоа што Карлос Саинц Јр. беше три десетинки побрз од својот тимски колега, Ландо Норис, за да ја обезбеди седмата стартна позиција.
Даниел Квјат и Пјер Гасли со болидите на Торо Росо го комплетираа пласманот на најбрзите 10 возачи на патеката Браќа Родригез.
Возачите на Ред Бул, Ферари и Мерцедес АМГ ќе ја стартуваат трката на жолтите гуми на Пирели, додека остатокот од Топ 10 ќе имаат почетен стинт на меките, црвени гуми. Стартот на ГН на Мексико е закажан за 20:10 часот по Македонско време.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МЕКСИКО - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Верстапен* | Ред Бул | 1:14.758 | |
| 2. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:15.024 | + 0.267 |
| 3. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:15.170 | + 0.412 |
| 4. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:15.262 | + 0.504 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:15.336 | + 0.578 |
| 6. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.338 | + 0.580 |
| 7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:16.014 | + 1.256 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:16.322 | + 1.564 |
| 9. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:16.469 | + 1.711 |
| 10. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:16.586 | + 1.828 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:15.721 | ||||
| 11. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:16.844 | + 0.967 |
| 12. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:16.871 | + 1.231 |
| 13. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.167 | + 1.164 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.184 | + 1.246 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:17.184 | + 1.548 |
| Q1 Најбрзо Време: Макс Верстапен - 1:15.949 | ||||
| 16. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:18.065 | + 2.116 |
| 17. | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.436 | + 2.487 |
| 18. | Роман Грожан | Хас | 1:18.599 | + 2.650 |
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:18.823 | + 2.874 |
| 20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.179 | + 4.230 |
| 107% време: 1:21.265 | ||||
* 3 стартни места поназад - непочитување на жолти знамиња
ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:19.4802016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.704 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.488 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:14.759 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:14.758 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||



