Трката на Хамилтон започна со ризичен дуел на стартот. Со гаснењето на црвените светла, Чарлс Леклерк кој стартуваше од Пол позицијата, одлично започна да напредува кон првиот свиок, како и Хамилтон, кој стартуваше од третата позиција. Добриот старт на Британецот резултираше со тоа што стартерот од П2, Себастијан Ветел мораше да презвеме одбранбени потези кон возачот на Мерцедес АМГ, по што ако тој не попуштеше ќе завршеше во тревата покрај патеката.
Нивната битка му дозволи на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој по казната од три места, стартуваше од П4, да го стигне Хамилтон и се намести паралелно со него за влез во првиот свиок. Се тоа резултираше со контакт кога двајцата влегоа во вториот свиок, по што завршија на тревата.
Малерите на Верстапен не престанаа тука, и при обидот да напредува кон напред, по 4 круга со ризичен потег се реши да го престигне Валтери Ботас за 7-то место. Финецот не попушти, па повторно имаше контакт помеѓу двата болиди, по што подебелиот крај повторно го извлече Холанѓанецот, заработувајќи скината десна задна гума.
Откако го помина влезот во боксевите, Верстапен беше принуден да вози цел еден круг, пред да влезе во бокс по нови гуми. По излегувањето на патеката, со бели гуми на Пирели, тој се најде на 20-тото место.
Напред, Алекс Албон беше првиот од лидерите што попушти под притисокот, (огромна грешка на тактичарите на Ред Бул, а уште поголема потоа на Ферари што го следеа овој потег!!!) при што веќе на крајот од 14-от круг се упати кон боксот за промена на гуми. Тој премина на уште еден сет на жолтите гуми. Чарлс Леклерк веќе во следниот круг ја копираше неговата стратегија излегуваќчи на патеката на жолти гуми.
Сега, Себастијан Ветел ја предводеше трката пред Хамилтон и Ботас, кои како што се нижеа круговите, стана јасно дека се на стратегија со едно застанување во бокс. Прв во бокс се одлучи да замине Луис Хамилтон во 23-от круг која жолтите ги замени со бели гуми. Следува нова грешка на Ферари, кои пак сега се решија да не го покриваат Британецот и го задржаа Ветел на патеката.
Велиме грешка затоа што при исти гуми болидот на Ферари никогаш не може да го престигне Мерцедесот на патеката од две причини, Браќа Хернандез не е лесна патека за претекнување, тоа е речиси невозможно, второ Ферари има поголема потрошувачка на гориво кое не им дозволува да нападнат и трето имаа барем еден показател дека белите гуми се способни да ја издржат цела трка без поголема деградација (Рикиардо со Рено).
Макс Верстапен, во меѓувреме, повторно напредуваше низ поредокот и веќе во 30-от круг беше повторно во поени, докажувајќи дека РБ15 беше јасен фаворит за Победа на оваа патека. Германецот во болидот на Ферари продолжи да врти кругови на неговите почетни жолти гуми, моменти кога и на самите инженери на тимот им стана јасно дека немаат шанси за нешто повеќе.
Валтери Ботас, кој исто така, беше на неговите почетни жолти гуми, но со таа разлика што во Мерцедес АМГ знаеа дека се борат со Ветел, а не да атакуваат на Победата, влезе за промена на гуми во 36-от круг.
На крајот од следниот круг Ветел конечно се упати во својот бокс за да земе нов сет на белите гуми. Тој се врати на патеката на четвртото место зад во тие моменти лидерот на трката Леклерк, Хамилтон и Албон.
Веќе во 43-от круг, Леклерк по втор пат беше повикан во бокс, за да ги промени жолтите со бели гуми, потег кој во следниот круг го следеше и Алекс Албон со болдиот на Ред Бул. Премногу раното второ влегување во бокс и излегувањето на белите гуми значеше крај на недежите на Моначанецот за нешто повеќе од 4-тото место на оваа трка.
Не знаме со кој памет и на кој начин неговиот инженер пресметал дека до крајот на трката ќе може да се бори со Хамилтон за Победата, кога нивниот поблизок болид нема никакви шанси да се доближи до Британецот. Не излезе на патеката со црвени гуми, кои беа две секунди побрзи од белите!!!
Да, некој ќе рече дека Ферари немаа нов сет на црвени гуми, но секако имаа сет кој беше користен само два круга. Е тоа веќе ќе беше ризикување, со некаква цел и задача да се анулира големата разлика до водечката тројка. Нормално, се тоа ќе беше поткрепено со подоцнежно влегување во бокс, а не во 43-от круг.
Жолтите гуми секако дека ќе можеа комфорно да издржат до 51-52 круг, а користените црвени гуми според моменталната деградацја на патеката најверојатно ќе издржеа 18-19 круга. Ако не издржеа, голема работа, ќе изгубеа само едно место, во однос на поголемата добивка во залог. Но, нејсе, тоа е тоа, често не можеме да ја откриеме логиката на стратегистите на Ферари и најверојатно ни во иднина нема да ги разбереме.
Единствено логично нешто е дека имаат огромна мана во болидот, кој не може да се бори на патеката во одреден период од трката, па и што да прават ќе загубат, вака барем се замаскирува со грешка во стратегијата.
Подолу во поредокот, Верстапен продолжи да напредува, но неговиот лимит беше 6-тото место, кое го наследи кога Даниел Рикиардо со Рено, конечно во 50-от круг, се реши да ги промени своите стартни бели гуми.
Во завршните фази, Ветел и Леклер се обидуваа да наметнат свое темпо, за да ги стигнат Мерцедесите на Хамилтон и Ботас, но белите гуми и по 30-тина круга користење, испорачуваат времиња како кога беа нови, така да возачите на Ферари имаа мала придобивка што поседуваа значително понови гуми.
Десетина круга пред крајот на трката веќе беше јасно дека Луис Хамилтон ќе ја забележи својата 83-та Победа во кариерата, финиширајќи 1.7 секунди пред Ветел. Зад Германецот, Валтери Ботас го имаше третото последно место на Победничкиот Подиум, додека Чарлс Леклерк мораше да се задоволи со четвртото место со вториот болид на Ферари.
Во поредокот следуваа возачите на Ред Бул, Алекс Албон и Макс Верстапен. Серџо Перез имаше добра трка понесен од домашната публика, за седмото место по стартот од 11-тата позиција, како и Даниел Рикиардо со финиш на 8-то место, по стартот од П13.
Пјер Гасли беше деветти за Торо Росо, а последниот поен му припадна на Нико Хулкенберг. Возачот на Рено во последните моменти беше принуден со судни маки да ја помите целната линија откако по судирот со Даниел Квјат неколку свиоци пред крајот заврши во бариерите покрај патеката. Даниел Квјат ја помина целната линија како 9-ти, но брзо беше казнет со 10 секунди, по што Гасли и Хулкенберг напредуваа по едно место, а тој се најде на 11-то место во конечниот пласман на трката.
| Голема Награда на Мексико, Браќа Родригез 71 круга, 304.356км., Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч36:48.904 |
| 2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1.767 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 3.553 |
| 4. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 6.368 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | + 21.399 |
| 6. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 1:08.807 |
| 7. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1:13.819 |
| 8. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1:14.924 |
| 9. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
| 10. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
| 11. | Даниел Квјат* | Торо Росо | + 1 круг |
| 12. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
| 13. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 1 круг |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 15. | Кевин Магнусен | Хас | + 2 круга |
| 16. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
| 17. | Роман Грожан | Хас | + 2 круга |
| 18. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК - 1:19.232 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | дефект |
| 20. | Ландо Норис | Мекларен | дефект |
* Казна 10 секунди за судирот со Хулкенберг
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:31.402 2017 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч36:26.550 2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч38:28.851 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч36:48.904 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 18/21 ТРКИ*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 363 | |
| 2. | Валтери Ботас | 289 | |
| 3. | Чарлс Леклерк | 236 | |
| 4. | Себастијан Ветел | 230 | |
| 5. | Макс Верстапен | 220 | |
| 6. | Пјер Гасли | 77 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 76 | |
| 8. | Алекс Албон | 74 | |
| 9. | Серџо Перез | 43 | |
| 10. | Даниел Рикиардо | 38 | |
| 11. | Нико Хулкенберг | 35 | |
| 12. | Ландо Норис | 35 | |
| 13. | Даниел Квјат | 34 | |
| 14. | Кими Раиконен | 31 | |
| 15. | Ленс Строл | 21 | |
| 16. | Кевин Магнусен | 20 | |
| 17. | Роман Грожан | 8 | |
| 18. | Антонио Џовинаци | 4 | |
| 19. | Роберт Кубица | 1 | |
| 20. | Џорџ Расел | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 652 | |
| 2. | Ферари | 466 | |
| 3. | Ред Бул | 341 | |
| 4. | Мекларен | 111 | |
| 5. | Рено | 73 | |
| 6. | Торо Росо | 64 | |
| 7. | Рејсинг Поинт | 64 | |
| 8. | Алфа Ромео | 35 | |
| 9. | Хас | 28 | |
| 10. | Вилијамс | 1 | |







