Патеката Сузука има уникатна конфигурација во вид на бројката осум, со делот по Дегнер свиокот кој поминува под правецот што води кон познатиот свиок 130R. Поради ова вкрстување, тоа е единствената патека во Формула 1 на која што трката се вози во насока на и спротивно од движењето на стрелките на часовникот.
Конфигурацијата во вид на бројката осум е добра за абењето на гумите, бидејќи тоа значи дека има добра рамнотежа помеѓу левите и десни свиоци. Од вкупно 18, десет се десни и осум леви свиоци.
Возачите влегуваат низ првиот свиок без да ги допираат сопирачките. Во квалификациите, тие не започнуваат со сопирање сè додека болидот не приближи кон оптовареност до 5Г, создавајќи едни од највисоките оптоварувања врз воланот во оваа сезона.
Од првиот свиок до крајот на Есес секвенцата, болидот е во постојна движење низ свиоци во должина од скоро 2 км и шест промени на правецот.
Во поголемиот дел од 5.8 километарскиот круг на Сузука врз болидот дејствуваат одредени странични Г-сили. Само околу 1.2 километри од кругот се поминуваат во возење во права линија.
Сузука има широк спектар на различни видови на свиоци. Познатиот 130R свиок е еден од најбрзите во Формула 1 календарот, кој се поминува со 315 км/ч, додека свиокот 11 е еден од најбавните кој се поминува со брзина од 75 км/ч.
Недостатокот на правци, како по примерот на Монако, придонесува да има само една ДРС-зона. Стартниот поредок на оваа патека е единствен кој се наоѓа на удолнина.
Сопирањето за влез во 11-от свиок е особен предизвик, затоа што возачите се наоѓаат среде брзиот свиок 10 кога треба да започнат со притискање на сопирачките. Тие сè уште се оптоварени со сили од 3,5Г кога ќе ги притиснат сопирачките. Тоа е причината зошто блокирањето на тркалата се толку вообичаени на овој свиок.
Мерцедес АМГ е Победник на сите трки за Големата Награда на Јапонија од почетокот на хибридна ера во 2014 година.
СУЗУКА - ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ПАТЕКАТА
10/08/2019 06:17:00 PM
0
Share to other apps



