Финецот со болидот на Мерцедес АМГ имаше одличен старт од Пол позицијата и без поголеми предизвици од своите ривали успешно го задржа водството по првиот свиок. Проблематичен старт имаа возачите на Ферари, па така Себастијан Ветел беше претекнат од Макс Верстапен за второто место, додека Луис Хамилтон ги претекна двата болиди на Ферари за пласман на третото место по само неколку свиоци.
Подолу во поредокот Алекс Албон во вториот болид на Ред Бул и Мекларенот на Карлос Саинц Јр. имаа контакт, по кој што, Тајландскиот возач беше принуден да влезе во бокс веќе на крајот од првиот круг. Тој премина на жолтите гуми и на патеката се врати на последното место, по што започна неговата борба за напредок кон горниот дел на табелата.
Во меѓувреме, Ветел почна да паѓа надолу во поредокот, а Германецот по тимското радио јави дека има некакви проблеми со болидот. Тој се најде на 7то место на крајот од првиот круг. Болидот на Ферари издржа до 8от круг, кога Ветел мораше да се паркира покрај патеката поради скршена задна десна амортизација, по преминот над рабниците во осмиот свиок.
Напред Валтери Ботас направи разлика од три секунди пред Макс Верстапен, додека на крајот од 12от круг, Луис Хамилтон се доближи на осум десетинки од секундата зад Холанѓанецот. Тоа беше знак за стратезите на Ред Бул на крајот од следниот скут да го повикаат својот возач за промена на гумите. Тој се врати на патеката на 4то место со нов сет на бели гуми.
Стратезите на Мерцедес АМГ реагираа брзо, па како одговор на пит-стопот на Верстапен го повикаа лидерот во трката Валтери Ботас во бокс, по што тој се врати на третото место, веднаш пред Холанѓанецот.
Напред во тој момент беа Луис Хамилтон и Чарлс Леклерк. Моначанецот во болидот на Ферари беше екстремно бавен, а со тоа и лесна мета на двајцата кои брзо го претекнаа и ја продолжија својата битка на 2ро и 3то место, соодветно.
Подолу во поредокот, Алекс Албон имаше второ застанување во бокс на крајот од 20от круг, по кое на патеката се врати на жолти гуми и 15-то место. Тој уште еднаш започна со борба кон напред и на половина од трката веќе беше на деветтото место. Се осврнуваме на трката на Тајланѓанецот во болидот на Ред Бул, затоа што тој беше изгласан од Ф1 фановите ширум светот за возач на денот.
Тркачкиот инженер на Луис Хамилтон, во консултација со Британецот, одлучи тој да остане што подолго на патеката, како би се обиделе да стигнат до Победата со едно застанување во бокс. Сепак, во 24от круг кога беше претекнат од својот тимски колега веќе беше јасно дека тоа е погрешната стратегија, по што Британецот се упати кон својот бокс за промена на жолтите со бели гуми. Тој се врати на третото место зад Макс Верстапен.
По првата рунда на пит-застанувања, Валтери Ботас ја предводеше трката пред Макс Верстапен со предност од шест секунди, додека Луис Хамилтон беше зад Холанѓанецот 11 секунди на третото место.
Чарлс Леклерк беше осамен на четвртото место, 25 секунди зад Хамилтон и 14 секунди пред Даниел Рикиардо на 5тото. Возачите на Мекларен , Ландо Норис и Карлос Саинц Јр. сега беа шести и седми, соодветно.
Во тие моменти Алекс Албон беше во налет, па откако го претекна Пјер Гасли со Торо Росо, го презеде и 7то место на Шпанецот, по што неговата следна цел беше Ландо Норис. Во рок од два круга го достигна својот колега дебитант и со добар потег низ првиот свиок брзо се врати на шестото место.
Напред Макс Верстапен имаше проблеми со абењето на гумите, по што започна да губи чекор со водечкиот, па беше приморан на крајот од 35-от круг да влезе во бокс по нови жолти гуми.
Неговиот потег повторно беше покриен од Мерцедес АМГвеќе во следниот круг, по што Луис Хамилтон уште еднаш го презеде водството во трката.
Сепак со нови гуми Ботас беше побрз и започна драстично да ја намалува разликата до својот тимски колега, па веќе во 50от круг беше во опсег за користење на ДРС-системот.
Првиот обид на Финецот, кога се замешаа во битката и неколку заостанати болиди беше одбиен, но, се гледаше дека Шампионот тешко може да го задржи водството. Неколку свиоци подоцна со помош на ДРС системот Ботас го прелета Британецот за првото место.
Темпото на Хамилтон опаѓаше, па во Ред Бул почувствуваа дека имаат шанса за претекнување, но Макс Верстапен иако дојде во опсег на ДРС системот на два круга пред крајот на трката, не доби шанса за напад по излетувањето на Кевин Магнусен и развеаните жолти знамиња.
Со тоа, Валтери Ботас прв ја помина целната линијата за да ја забележи неговата четврта сезонска Победа, проследен од Луис Хамилтон на второто место, кое и математички му ја обезбеди шестата Шампионска Титула во Формула 1. Макс Верстапен беше принуден да се задоволи со третото место.
Зад првите тројца возачи, на 4тото место финишираше Чарлс Леклерк со огромно заостанување од 52 секунди зад победникот на трката. Алекс Албон заврши на петтото место, откако повторно напредуваше низ поредокот по неговиот трет пит-стоп во трката.
Шестото место му припадна на Даниел Рикиардо, пред Ландо Норис на седмото место и неговиот тимски колега Карлос Саинц Јр. на осмото. Нико Хулкенберг забележа дополнителни два поени за Рено со деветтото место, а последниот поен му припадна на Серџо Перез, по казната од 5 секунди за Даниел Квјат.
Голема Награда на Соединетите Држави, Патека на Америките 56 круга, 308.405км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1ч33:55.653 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 4.148 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 5.002 |
4. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 52.239 |
5. | Алекс Албон | Ред Бул | + 1:18.038 |
6. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1:30.367 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:30.764 |
8. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 1 круг |
9. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
10. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
11. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
12. | Даниел Квјат* | Торо Росо | + 1 круг |
13. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
15. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
16. | Пјер Гасли | Торо Росо | Не заврши |
17. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
18. | Кевин Магнусен | Хас | Не заврши |
НАЈБРЗ КРУГ: ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК - 1:36.169 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Роберт Кубица | Вилијамс | дефект |
20. | Себастијан Ветел | Ферари | дефект |
* 5 секунди казна за предизвикување судир
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:04.785 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч50:52.703 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:12.618 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:50.991 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:34:18.643 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч33:55.653 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 19/21 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 381 | |
2. | Валтери Ботас | 314 | |
3. | Чарлс Леклерк | 249 | |
4. | Макс Верстапен | 235 | |
5. | Себастијан Ветел | 230 | |
6. | Алекс Албон | 84 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 80 | |
8. | Пјер Гасли | 77 | |
9. | Даниел Рикиардо | 46 | |
10. | Серџо Перез | 44 | |
11. | Ландо Норис | 41 | |
12. | Нико Хулкенберг | 37 | |
13. | Даниел Квјат | 34 | |
14. | Кими Раиконен | 31 | |
15. | Ленс Строл | 21 | |
16. | Кевин Магнусен | 20 | |
17. | Роман Грожан | 8 | |
18. | Антонио Џовинаци | 4 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 695 | |
2. | Ферари | 479 | |
3. | Ред Бул | 366 | |
4. | Мекларен | 121 | |
5. | Рено | 83 | |
6. | Рејсинг Поинт | 65 | |
7. | Торо Росо | 64 | |
8. | Алфа Ромео | 35 | |
9. | Хас | 28 | |
10. | Вилијамс | 1 |