Финецот ги победи Себастијан Ветел за 0.012 и Макс Верстапен за 0.067 делови од секундата, во квалификациска сесија каде на првите три места имаме три различни тимови, што би требало да биде увертира за добра трка.
Луис Хамилтон, како да не беше премногу мотивиран, па го забележа само 5тото најбрзо време. Може да се каже дека донекаде очекувано, бидејќи му е потребен пласман над 8мо место за математичко осигурување на 2019 Шампионската Титула кај возачите.
Најбрзото време на Валтери Ботaс со кое ја обезбеди првата стартна позиција претставува нов рекорд на Патеката на Америките. Тоа беше забележано на црвените гуми на Пирели, но неговото најдобро Q2 време беше на жолтите гуми, што значи дека тоа е смешата на која што тој ќе ја стартува трката.
Неговиот тимски колега Луис Хамилтон, двајцата возачи на Ферари, Себастијан Ветел и Чарлс Леклерк, плус Макс Верстапен, сите ќе стартуваат на медиум смешата. Останатите од Топ 10 пласманот ќе стартуваат на црвените гуми, вклучувајќи го и Алекс Албон, вториот возач на Ред Бул.
Според Пирели најбрза стратегија за трката е едно застанување во бокс, но можеме да очекуваме повеќе различни стратегии, како што беше случајот на минатогодишната трка. Веројатно ќе видиме микс од едно и две застанувања во бокс за промена на гумите, во зависност од условите за време на трката.
Со секој изминат ден, временските услови се подобруваат, и се очекува овој тренд да продолжи. Најголемо изненадување на досегашниот тек од викендот е тимот на Мекларен, кој започнува да дава знаци на живот и борба за што повисок пласман на табелите.
Ландо Норис го забележа најбрзото време во Q1 сесијата, нешто што подолго време не беше возможно за остарување. Двата болиди на Мекларен ќе стартуваат во Топ 10.
Црвените гуми се теоретски околу една секунда по круг побрзи од жолтите, па возачите кои стартуваат од П5-П10 ќе имаат добра шанса за престигнување на Топ 5 возачите кои ќе стартуваат на жолтите. Сепак, во услови на трка, оваа разлика во перформансите помеѓу двете смеши се очекува значително да се намали.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:32.029 | |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:32.041 | + 0.012 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:32.096 | + 0.067 |
4. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:32.137 | + 0.108 |
5. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:32.321 | + 0.292 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:32.548 | + 0.519 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:32.847 | + 0.818 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:33.175 | + 1.146 |
9. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:33.488 | + 1.459 |
10. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:33.601 | + 1.572 |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклерк - 1:32.760 | ||||
11. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:33.815 | + 1.055 |
12. | Кевин Магнусен | Хас | 1:33.979 | + 1.219 |
13. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:33.989 | + 1.229 |
14. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:34.100 | + 1.340 |
15. | Роман Грожан | Хас | 1:34.158 | + 1.398 |
Q1 Најбрзо Време: Ландо Норис - 1:33.353 | ||||
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:34.226 | + 0.873 |
17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:34.369 | + 1.016 |
18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:35.372 | + 2.019 |
19. | Серџо Перез* | Рејсинг Поинт | 1:35.808 | + 2.455 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:35.889 | + 2.536 |
107% време: 1:39.887 | ||||
* казна старт од пит-линијата
ХИБРИДНА ЕРА - ПАТЕКА НА АМЕРИКИТЕ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:36.067
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:56.824
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.999
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:33.108
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.237
2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:32.029
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |