Сепак, Холанѓанецот ќе стартува од првиот ред, откако ќе се аплицира казната за Валтери Ботас, поради промена на ПЕ во неговиот болид. Вториот Мерцедес АМГ ќе мора да се пробива кон врвот со старт од последниот ред на гридот.
Возачите на Ферари иако најбрзи во првите два сектори, губеа многу време во финалниот сектор, па очекувано трката ќе ја започнат од вториот стартен ред, пред Алекс Албон во вториот Ред Бул и Ландо Норис со се подобриот болид на Мекларен.
Луис Хамилтон уште со почетокот на Q1 сегментот најави дека нема лесно да ја даде првата позиција на некој друг возач, забележувајќи го најбрзото време, три десетинки побрзо од тоа на тимскиот колега Валтери Ботас во последните минути од Q1.
Верстапен беше трет најбрз со времето од својот прв брз круг. Пред финалните излегувања на асфалтот, Алекс Албон беше на шестото место со 1.4 секунди побавно време од најбрзото, па во последните минути од овој сегмент се реши да направи уште еден брз круг. Тајландскиот возач значително се подобри и забележа второ најбрзо време.
Q1 сегментот беше непријатен за Себастијан Ветел со Ферари, извртувајќи се на патеката непосредно пред започнувањето на својот брз круг. Среќа што имаше доволно време и доволно брзина во Ферарито за 6-тата позиција, зад четвртопласираниот тимски колега, Чарлс Леклерк и одличниот во тие моменти Серџо Перез со болидот на Рејсинг Поинт.
На дното на табелата се најдоа, Роман Грожан со Хас на П16, пред возачите на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци и Кими Рикиканен на П17/18 и секако како последни болидите на Вилијамс, Џорџ Расел и Роберт Кубица.
На почетокот од Q2 сегментот, повторно најбрз беше Луис Хамилтон забележано на жолтите гуми. Неговиот избор на гуми беше ист со тој на неговиот тимски колега, како и возачите на Ред Бул. За разлика од нив, првите брзи круга за двајцата возачи на Ферари беа направени со црвените гуми на Пирели.
При вторите брзи круга, возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул, повторно беа на жолтите гуми, кои очигледно ги сметаа за најдобар избор за старт на утрешната трка.
Стратезите на Ферари, се решија да ги стават своите возачи на две различни стратегии, со тоа што Ветел ќе стартува на црвени гуми, додека Леклерк имаше импресивен круг за врвот на табелата на жолтата, побавна смеша.
На крајот од Q2 сегментот на П11 се најде Серџо Перез, пред Пјер Гасли, Ленс Строл, Даниел Квјат и Кевин Магнусен.
Импресивноста со брзиот круг на Чарлс Леклер не се пренесе во финалниот Q3 сегмент, кога повторно на сцена стапи Луис Хамилтон со доминантен брз круг кој беше недостижен за неговите ривали.
Валтери Ботас успеа да се приближи на 0.164 делови од секундата, забележувајќи го второто најбрзо време, додека Верстапен заврши на третото место, со доплнителни две десетинки зад Финецот.
Зад првите тројца во Q3 се пласираа Чарлс Леклерк и Себастијан Ветел на П4/5 за Ферари, и покрај тоа што Моначанецот не стигна на време да го започне последниот брз круг.
П6 беше резервираба за Алекс Албон со вториот болид на Ред Бул, пред Ландо Норис на П7 за Мекларен, Даниел Рикиардо на П8 со Рено, Карлос Саинц Јр. на П9 со Мекларен. Последната стартна позиција во Топ 10 пласманот му припадна на Нико Хулкенберг со болидот на Рено.
Големата Награда на Абу Даби стартува утре во 14:10 часот по македонско време, со директен пренос на ТВ 24 Вести.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:34.779 | |
2. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | 1:34.973 | + 0.194 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:35.139 | + 0.360 |
4. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:35.219 | + 0.440 |
5. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:35.339 | + 0.560 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:35.682 | + 0.903 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | 1:36.436 | + 1.657 |
8. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:36.456 | + 1.677 |
9. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:36.459 | + 1.680 |
10. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:36.710 | + 1.931 |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклерк - 1:35.543 | ||||
11. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:37.055 | + 1.512 |
12. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:37.089 | + 1.546 |
13. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:37.103 | + 1.560 |
14. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:37.141 | + 1.598 |
15. | Кевин Магнусен | Хас | 1:37.254 | + 1.711 |
Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:35.851 | ||||
16. | Роман Грожан | Хас | 1:38.051 | + 2.200 |
17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:38.114 | + 2.263 |
18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:38.383 | + 2.532 |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:38.717 | + 2.867 |
20. | Роберт Kубица | Вилијамс | 1:39.236 | + 3.385 |
107% време: 1:42.560 | ||||
* старт од последниот ред поради промена на ПЕ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.480 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.237 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.755 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:36.231 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.779 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |