Болидот на Моначанецот беше под истрага на стјуардите поради значителна разлика во декларираното гориво и измереното во неговиот болид пред почетокот на трката. Стјуардите по трката одлучија дека Чарлс Леклерк треба да го задржи своето место на Победничкиот Подиум, но тимот на Ферари доби парична казна од 50.000 евра.
Стартувајќи од својата петта Пол позиција во сезоната, шесткратниот Шампион го водеше секој круг на трката и го забележа најбрзиот круг за да го запечати шестиот перфектен викенд во неговата кариера. Само легендарниот Џим Кларк има повеќе од него, осум.
На почетокот од трката, Луис Хамилтон имаше добар старт и го задржа водството по првиот свиок. Зад него Верстапен за миг се чинеше дека добро стартуваше, но брзо се најде под притисок од Чарлс Леклерк кој имаше одличен старт со болидот на Ферари.
Холанѓанецот се бранеше, но на крајот на долгиот втор правец, Ферарито прелета покрај него за второто место.
Зад нив Себастијан Ветел во вториот Ферари се задоволи со четвртото место пред вториот Ред Бул на Алекс Албон. Тајландскиот возач во еден момент се најде под притисок на возачите од Мекларен, шестопласираниот Ландо Норис и Карлос Саинз Јр. кои ги претекнаа Даниел Рикиардо, но тој беше во можност да се одбрани по што следуваше мирен прв стинт од трката.
Ландо Норис беше првиот возач кој се реши да ги посети своите механичари за замена на црвените со бели гуми во осмиот круг. Четири круга подоцна двајцата возачи на Ферари се упатија по нови гуми.
Чарлс Леклерк ги замени жолтите за бели гуми, во пит-стоп кој помина без проблеми, но веднаш по него имаше проблем со предното лево тркало на Ветел, по кој Германецот изгуби драгоцени секунди.
Моначанецот се врати на патеката на 4то место зад Хамилтон, Верстапен и Албон, додека Себастијан Ветел падна на седмото место. Во следниот круг стратегијата на Ферари беше покриена од страна на Алекс Албон, по што тој се врати на две секунди зад Ветел.
Лидерот во трката, Луис Хамилтон и Макс Верстапен останаа на патеката на своите почетни жолти гуми и додека другите возачи ги посетуваа своите механичари, Валтери Ботас, кој стартуваше од последната позиција, се искачи на четвртото место зад Леклерк, но пред Ветел и Албон.
Макс Верстапен на крајот од 25от круг го направи единствениот пит-стоп во трката, преминуваќи на белите гуми на Пирели. Тој на патеката се врати на третото место, но, само четири секунди зад Леклерк и многу понови гуми.
Инженерите на Мерцедес АМГ го покрија овој потег со внесување во бокс на Луис Хамилтон на крајот од следниот круг, по што Британецот на патеката повторно се врати на првото место.
Макс Вертапен, набрзо по неговиот пит-стоп, по тимското радио почна да се жали до неговите инженери дека има проблем со забрзувањето на излез од свиоците, но и покрај тоа, тој брзо ја намалуваше разликата до Чарлс Леклерк. Она што беше неизбежно следуваше во 32от круг, кога Ред Булот се најде на второ место.
Подолу во поредокот Валтери Ботас по неговиот пит-стоп повторно се приближуваше до водечките, па во 39от круг го претекна Алекс Албон за 5-то место. Со летечкиот Финецот позади нив, од Ферари повторно се одлучија да ги повикаат двајцата возачи во ист круг за промена на гуми, по што Леклерк се најде на 29 секунди позади Верстапен, додека Ветел беше на 18.6 секунди зад Албон.
Ветел со нови жолти гуми, брзо ја намалуваше разликата до Албон и во претпоследниот круг успеа да го помине за шестото место.
Напред, Луис Хамилтон возеше беспрекорно, забележувајќи го најбрзиот круг во трката, и по 55 круга ја премина целната линија како Победник на Големата Награда на Абу Даби.
Макс Верстапен финишираше на второ место, пред Ферарито од Чарлс Леклерк со што го обезбеди третото место на Генералниот Пласман на возачите.
Четвртото место му припадна на Валтери Ботас, кој се приближи до Моначанецот, но неоволно да се обиде да нападен. Себастијан Ветел остана на 5то место пред Алекс Албон.
Последниот круг донесе многу драма во долниот дел од топ 10 пласманот, кога Серџо Перез го претекна Ландо Норис за седмото место, додека зад деветто пласираниот Даниел Квјат, Карлос Саинц Јр. го украде 10-тото место од Даниел Рикиардо.
Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина 55 круга, 305.470км., Време: Суво. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч34:05.715 |
2. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 16.772 |
3. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 43.435 |
4. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 44.379 |
5. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1:04.357 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | + 1:09.205 |
7. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
8. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
9. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1 круг |
10. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 1 круг |
11. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1 круг |
12. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
14. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
15. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
17. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
18. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 2 круга |
19. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:39.283 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
20. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | дефект |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч38:30.175 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:04.015 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч34:14.062 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч39:40.382 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:05.715 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 21/21 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 413 | |
2. | Валтери Ботас | 326 | |
3. | Макс Верстапен | 278 | |
4. | Чарлс Леклерк | 264 | |
5. | Себастијан Ветел | 240 | |
6. | Карлос Саинц Јр. | 96 | |
7. | Пјер Гасли | 95 | |
8. | Алекс Албон | 92 | |
9. | Даниел Рикиардо | 54 | |
10. | Серџо Перез | 52 | |
11. | Ландо Норис | 49 | |
12. | Кими Раиконен | 43 | |
13. | Даниел Квјат | 37 | |
14. | Нико Хулкенберг | 37 | |
15. | Ленс Строл | 21 | |
16. | Кевин Магнусен | 20 | |
17. | Антонио Џовинаци | 14 | |
18. | Роман Грожан | 8 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 739 | |
2. | Ферари | 504 | |
3. | Ред Бул | 417 | |
4. | Мекларен | 145 | |
5. | Рено | 91 | |
6. | Торо Росо | 85 | |
7. | Рејсинг Поинт | 73 | |
8. | Алфа Ромео | 57 | |
9. | Хас | 28 | |
10. | Вилијамс | 1 |