Кевин Магнусен и Роман Грожан ја тргнаа заштитната покривка пред присутните фотографи и новинари.
Роман Грожан: "Ние работиме малку поинаку на предсезонските тест сесии. Главната работа е да извозите што повеќе кругови и целосно да ги разберете карактеристиките на болидот."
"На тестовите, имаме поразличен стил на возење, бидејќи треба да се проверат многу системи. Сепак, обично брзо дознаваме колку е добар или лош болидот. Минатата година, тестовите поминаа добро, што не може да се каже за сезоната, но научивме многу."
Кевин Магнусен: "Треба да се биде смирен во врска со тест сесиите, без оглед на очекувањата, надежите. Јас се обидувам да имам професионален пристап и да му помогнам на тимот колку што е можно повеќе."
"Во последните две години, тимот секогаш ни даваше болид, кој на предсезонските тестови се чинеше многу добар и брз. Во 2018 година, тоа се покажа дека е конкурентен во текот на сезоната, па ние го заземавме петтото место кај конструкторите."
"Минатата година не можевме да го постигнеме тоа, болидот имаше некои недостатоци што доведоа до сериозни проблеми во текот на сезоната, но сигурен сум дека годинава тимот повторно ќе ни обезбеди добар болид. Се надевам дека извлековме заклучоци од минатогодишните грешки, така што нè чека успешна сезона."
ПРЕТХОДНО, 6 ФЕВРУАРИ:
ХАС ГО ОБЕЛОДЕНИ ДИЗАЈНОТ И БОИТЕ НА 2020 БОЛИДОТ, VF-20
По тешката 2019 година, на патеките и надвор од нив, отсуството на црно-златната боја на Рич Енерџи во изгледот на 2020 болидот на ХАС ја завршува една од најбизарните епизоди во историјата на спонзорствата.ХАС ГО ОБЕЛОДЕНИ ДИЗАЈНОТ И БОИТЕ НА 2020 БОЛИДОТ, VF-20
Засекогаш ќе остане врежано во мотоспорт историјата, кога еден главен спонзор јавно се исмеваше со својот тим. Тоа е дел од историјата, која што Американците ќе сакаат да ја остават далеку зад себе, и да се надеваме дека ќе бидат далеку поконкурентни во 2020 година.
Со овој освежен изглед тимот се враќа на своите традиционални бои сива, црвена и црна.
Новите спецификации и VF-20 во живо ќе биде претставен на 19 Февруари на почетокот од тест сесијата во Барселона. Роман Грожан и Кевин Магнусен ќе ја тргнат покривката од болидот во 8 часот наутро, пред гаражата на тимот.
Данецот прв ќе седне зад воланот и ќе ги преземе тест обврските на првиот ден, додека Французинот ќе настапи во четврток, на вториот тест ден. На третиот и последен тест ден двајцата возачи ќе ги поделат обврските.
Директорот на тимот, Гунтер Штајнер изјави: "Секогаш е возбудливо да се види развојот на новиот Формула 1 болид и несомнено е дека VF-20 треба да испорача перфоманси, таму каде што неговиот претходник не беше во можност да го направи тоа. "
"Регулативата за оваа сезона не претрпе поголеми измени, па ние бевме во можност да го подобриме разбирањето на 2019 болидот, со цел да пронајдеме нови решенија за дизајнирањето на VF-20."
"Сите во тимот беа принудени да се преиспитаат себеси и да разберат каде можат да се подобрат. Со нетрпение очекувам да го видам VF-20 на патеката. Како и секогаш за време на тест сесиите, сакате голема километража, сигурност и брзина, како подгвотовка за првата трка во Австралија."
Првата пред-сезонскa тест сесја на патеката Каталуња ќе се одржи од 19-21 Февруари, а следната од 26-28 Февруари.
2020 Формула 1 Шампионатот започнува со Австралиското Гран При на 15 март во Мелбурн.