Тимот на Мерцедес АМГ објави повеќегодишно партнерство со компјутерскиот гигант AMD, кој ќе биде снабдувач на тимот со неопходната технологија за симулаторот, дата центрите и компјутерите кои се користат на патеката и во нивната фабрика.
Новото партнерство ја комбинира страста на двете компании за екстремни перформанси. Логото на AMD ќе биде поставено на двете страни на кокпитот на 2020 болидот, на тркачките комбинезони и на сите униформи на членовите на тимот кои работат во гаражата на Мерцедес АМГ.
"Во AMD, ние сме најдобри кога создаваме напредни технологии што ги прошируваат лимитите на она што е можно да се постигне во компјутерите со високи перформанси," рече Џон Тејлор, главен директор за маркетинг во AMD.
"Воодушевени сме што ги здруживме силите со Мерцедес АМГ, тим кој работи со најсовремената технологија и имаме заеднички ентузијазам во обезбедувањето на врвни иновации и перформанси од фабриката до тркачката патека."
"Иновативноста е во срцето на Формула 1, ние секогаш се обидуваме да ги притискаме технолошките граници во потрагата по перформанси," рече Тото Волф, шеф на тимот и извршен директор на Мерцедес АМГ.
"Задоволни сме што AMD се приклучи на нашиот тим како партнер и со нетрпение очекуваме да започне нашата соработка, да истражуваме софистицирани решенија за ослободување на неискористениот потенцијал за поголеми перформанси."
Тимот на Мерцедес АМГ ќе го презентира својот 2020 болид, W11 EQ Power+, вклучително и брендирање со логото на AMD, во петок, 14 Февруари на патеката Силверстоун, Велика Британија.
МЕРЦЕДЕС АМГ ЈА ОБЕЗБЕДИ ТЕХНОЛОГИЈАТА НА АМД
2/05/2020 07:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps