Обојувањето за 2020 година продолжува да биде со класичните тркачки бои на Алфа Ромео, но во исто време воведува и нов изглед во однос на графичките ефекти. Темата го носи името "Speed-pixel" и претставува графичка евокација на брзината и времето во сезоната кого се одбележуваат 110-години од постоењето на овој бренд.
Споредено со претходните години, се враќа поедноставениот дизајн на Quadrifoglio и зголемената скрипта Alfa Romeo на капакот на моторот, која сега го преклопува главното лого.
Дизајниран и развиен под координација на техничкиот директор Жан Мошу, C39 има само површна сличност со својот претходник. Тоа е сосема нов концепт насочен кон засилување на напредокот направен во последните две години и доближување кон предниот дел на мрежата.
Фредерик Васер, тимски шеф на Алфа Ромео и извршен директор на Заубер: "С39 е резултат на напорна работа и визија на голема група високо посветени лица и е сведоштво за квалитетот на секој член од нашиот тим. Се надеваме дека ќе ни помогне тимот да се придвижи кон напред. Нашата цел не е променета."
"Ние сме растечки тим и треба да се подобриме во секоја област и секој оддел на компанијата. Ова е проект со отворен карактер. Нема завршница, сите треба да бидат целосно фокусирани и посветени. Ние одиме напред. Веќе направивме огромен чекор во споредба со тоа каде бевме на почетокот на 2018 година, но мора да продолжиме на овој пат."
Жан Мошу, технички директор на Алфа Ромео: "C39 е природна еволуција на минатогодишниот болид, иако не споделува многу со својот претходник. Ние уште повеќе го подобривме болидот, па освен некои ситни делови и гумите, едвај има еден видлив дел што е ист."
"Тоа е вообичаен процес на постојано подобрување, но тоа е сосема нов ѕвер. Очекуваме да ги подобриме резултатите од минатата сезона, да направиме чекор напред и се надеваме дека ќе можеме да се бориме за позицијата како најдобри од средината на поредокот."
ПРЕТХОДНО 14 ФЕВРУАРИ: ФИЛМСКИ ДЕН ЗА АЛФА РОМЕО НА ФИОРАНО
Вчера на тест патеката во Фиорано, C39, 2020 болидот на Алфа Ромео го имаше своето деби излегување на асфалтот за време на официјалниот филмски ден на тимот. Кими Раиконен, прв ја имаше честа да седне во болидот, кој доби привремено обојување во црно-сив изглед на живописна кожа од змија.При дизајнирањето на овој изглед, во Алфа Ромео како инспирација ја имале една од доминантните икони на брендот, хералдиката "Бисчиона".
Образецот на змија, не само што му дава егзотичен изглед на болидот, туку има за цел да го маскира неговиот нормален изглед и неговите тајни сè до официјалното презентирање на 19 Февруари на првиот тест ден во Барселона.
Покрај посебниот изглед, јавноста имаше можност да го види ексклузивното толкување на логото на Алфа Ромео во форма на срце, омаж за денот на заљубените.
Обојувањето е најавено како привремено, но, црните комбинезони на возачите оставаат сомнеж дека тоа може да стане трајно.
Во текот на денот C39 комплетираше 33 круга, во кои Раиконен ги истражуваше неговите можности и првичните проверки на сите негови системи.