Обично не им придаваме поголемо значење на неделните извештаи за напредокот во реконструкцијата на патеката Зандворт, но објавената фотографија од штотуку асфалтираниот 14ти свиок, Ари Лујденк, премногу не импресионираше и сигурно ќе обезбеди спектакл со својата закосеност.
За прв пат се објавени поблиски фотографии и од третиот свиок, кој исто така има закосеност и го носи името Хугенхолц, во чест на Холандскиот архитект кој ја дизајнираше оваа патека!!!
Наскоро се очекува да биде поставен последниот слој на тркачки Ф1 асфалт, кој има специјално име, Летечкиот Холанѓанец.
Се работи на различни локации на патеката. На 7-от свиок се поставува нов безбедносен ѕид, надополнет со огради што ги исполнуваат новите стандарди на ФИА.
Поставен е асфалт низ Ф1 падокот лоциран зад гаражите кои ќе ги користат Ф1 тимовите. Истовремено се поставуваат и рабници на неколку свиоци.
Во последните неколку недели, De Groot Vroomshoop, на патеката постави нов медицински центар, во близина на внатрешноста претходно споменатиот свиок Ари Лујденк.
ПАТЕКАТА ЗАНДВОРТ ЗАБРЗАНО СЕ РЕКОНСТРУИРА
2/08/2020 05:50:00 PM
0
Share to other apps