За почеток објавија студиска фотографија од RB16, со препознатливата за Ред Бул мат боја, како и портрети на возачите и нивните кациги, а подоцна фотографии од патеката Силверстоун, каде го имаат нивниот т.н. филмски ден.
Со само шест тест дена на располагање за оваа сезона, во Ред Бул сметаа дека добро го темпирале филмскиот ден, колку да се осигуруват дека болидот е механички подготвен пред да замине во Шпанија, бидејќи сметаат дека не може да си дозволат ниту една минута повеќе претстој во гаражите откако ќе стигнат на патеката Каталуња.
Тимот продолжува како што застана минатата сезона, и се надеваат дека оваа година добро ќе го наплатат сиот вложен труд. Макс Верстапен е возачот кој прв ќе ги испроба неговите можности.
The RB16, here to charge 💪 @Max33Verstappen racks up the first laps of 2020 at Silverstone 👊 #ChargeOn pic.twitter.com/VeUElr1ofV— Aston Martin Red Bull Racing (@redbullracing) February 12, 2020