Ферари e првиот Ф1 тим што вистински го презентираше својот болид за 2020 сезоната. Тоа е 66от болид произведен во Маранело и ќе ја носи ознака SF1000, во чест на 1000тата Ф1 трка на која ќе земе учество оваа сезона.
Според инженерите на Ферари, иако за оваа 2020 сезона Ф1 регулативата е многу малку променета, овој болид е значително поразличен од минатогодишниот SF90, иако визуелно не е баш така. Промените се насочени кон оптимизирање на аеродинамичката потисна сила и балансот на болидот.
Настанот се одржа во историскиот општински театар Ромоло Вали, во градот Реџо Емилија. Тоа е местото каде што, пред 223 години, се роди триколорот, кој подоцна беше усвоен како знаме на обединета Италија.
Погонската Единица на Ферари 065 претставува чекор напред во ефикасноста на согорувањето на V6 моторот, пред се поради два фактори, новиот дизајн и новото гориво на Шел.
Новиот Турбо полнач и ЕРС-системот се редизајнирани за да се зголеми севкупната моќност на ПЕ. SF1000 e седмиот болид на Ферари конструиран во хибридната ера на Формула 1.
SF1000, своето деби на тркачките патеки ќе го има во рацете на Себастијан Ветел и Чарлс Леклерк на првиот предсезонски тест, кој ќе се одржи од 19-21 Февруари на патеката Каталуња, Барселона, Шпанија.
ПРВИ ФОТОГРАФИИ: ФЕРАРИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ СВОЈОТ АДУТ ЗА 2020 СЕЗОНАТА
2/11/2020 07:01:00 PM
0
Share to other apps