По добивањето зелено светло од страна на ФИА, 2019/20 Шампионатот на Формула Е е предвидено да продолжи во август на аеродромот Темпелхоф во Берлин. Шест трки за девет дена ќе одлучат кој ќе биде Шампион за оваа сезона.
Историскиот аеродром во Германија е избран за затворање на тековната сезона, при што ќе биде домаќин на три двојни трки и тоа на 5/6, 8/9 и 12/13 Август. Секој пар на трки ќе се одвива на различна конфигурација на патеката, претставувајќи можност за непредвидливо и повозбудливо тркање.
Во Формула Е Шампионатот се комплетираа пет трки пред сезоната да биде суспендирана поради појава на коронавирусот.
ФОРМУЛА Е СЕЗОНАТА ПРОДОЛЖУВА ВО АВГУСТ
6/17/2020 11:50:00 AM
0
Share to other apps