Прв за воланот на SF71H седна Себастијан Ветел, кој по пауза од 116 дена од тестирањето во Барселона, комплетираше број на кругови еквивалент на една Гран При трка.
Себастијан Ветел: Ми беше мило што се вратив во кокпитот по паузата, што беше подолга дури и вообичаениот зимски одмор. Исто така, ми беше големо задоволство што ги видов сите момци од тимот. Прекрасно беше уште еднаш да се извлечат тие чувства од болидот и да се стори тоа на толку спектакуларна патека.Попладнето, дојде редот на Чарлс Леклерк. Ова беше негово второ седнување во Ф1 болид, откако минатиот четврток го возеше SF1000 низ улиците на Маранело. Како и својот тимски колега, тој комплетираше километража споредлива со една цела трка.
Навистина мислам дека Муџело заслужува да биде домаќин на Гран-при трка во Формула 1. Не сум возел осум години на оваа патека, па ми требаа неколку круга за да се навикнам, па тогаш навистина уживав.
Чарлс Леклер: Колку беше одлично, враќањето на вистинската патека. Ми недостасуваше! И покрај тоа што бев прилично зафатен со виртуелни трки за време на оваа долга пауза, ми требаше уште еднаш да го добијам тој физички впечаток за брзина.Останатите членови на Ферари, ги тестираа истите работни услови што тимовите ќе треба да ги почитуваат во Австрија, за првата трка од 2020 сезоната.
Да се биде во можност да се вози на патека како Муџело, прв пат зад воланот на Ф1 болид, помогна да се направи овој ден уште поневеројатен. Сега, со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната и од следната недела, работите стануваат сериозни!
Формула 1 како организатор на шампионатот во врвниот мотоспорт, реши оваа сезона да биде во знак на хаштагот #WeRaceAsOne, иницијатива насочена кон градење позитивна промена во спортот и општеството во светло на тековната пандемија, истовремено осудувајќи го расизмот и нееднаквоста.