Формула 1 заедно со AWS подготвува новa телевизиска графика за време на ТВ преносите, која што ќе им овозможи на Ф1 фановите да ги споредуваат карактеристиките на болидите и вештините на возачите.
Телеметријата од болидите во одредени случаи и претходно графички се пренесуваше во реално време, но, сега со помош на компјутерскиот алгоритам на AWS болидите ќе може да се споредуваат едни со други на одделни делови од патеката.
Според авторите крајна цел на новата технологија е да се овозможи споредување на возачите, определување на времето за донесување на одлуки, опции за развој на викендот, итн.
Новата графика ќе биде воведувана постепено во текот на оваа 2020 сезона, која ќе биде година на нејзин развој и подобрување, така што од следната сезона таа ќе биде имплементирана во целиот свој капацитет.
Ова и не е така лоша идеја, но според нас е прашање колку ќе биде успешна во пракса. Обиди со овој алгоритам имаше и во изминатата сезона, но прогнозираните исходи не беа многу веродостојни, па наеднаш ја снема од преносите новата графика. Да се надеваме дека сега ќе профункционира многу подобро.
ВИДЕО: ФОРМУЛА 1 И AWS ПОДГОТВУВААТ НОВА ТВ ГРАФИКА
6/23/2020 03:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps