Три и пол месеци од последниот тест ден на патеката Каталуња, пред точно 110 дена, персоналот на Ферари го стартуваше SF1000 во "Officina Classiche", просторија која се наоѓа во срцето на музејскиот дел на фабриката во Маранело, и место каде што бил основан одделот за трки на Ферари. Потоа, Чарлс Леклерк излезе преку истата порта што Енцо Ферари ја користеше на 12 март 1947 година, во првиот болид на тимот, кој што ја носеше ознаката, 125 S.
Чарлс Леклерк, изјави:
Обично не сакам да станувам рано наутро, но денес имав голема причина да го направам тоа. Можеби разбудив неколку луѓе, но беше прекрасно да се вози низ улиците на Маранело во SF1000. Беше возбудливо, особено што возев по една посебна рута. Враќањето во кокпитот го почувствував како повторно да се вратив дома. Ова беше забавен начин да се каже дека сме подготвени да се вратиме на тркачките патеки. Сега, со нестрпливост очекувам повторно да седнам зад воланот на SF1000 во Австрија.Моначанецот е првиот возач од модерната ера што управуваше со Ф1 болид низ улиците на Маранело на патот кон легендарната патека Фиорано. Тоа е патеката каде што од 1972 година, па се до воведувањето на правилата за ограничено тестирање, за прв пат се вози секој нов болид на Ферари.
Долгата пауза во Формула 1 Шампионатот се ближи кон својот крај, а следниот пат кога ќе се слушне звукот на Ф1 Погонските Единици ќе биде во петок на 3 Јули, за време на првата тренинг сесија за Австриското Гран При.
This is our favourite alarm clock ⏰— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) June 18, 2020
Courtesy of @charles_leclerc and #SF1000 🏎🚀
Thanks to our partner in crime ⚡️: #Maranello City Council #essereFerrari 🔴 pic.twitter.com/tEoQYpYVDS