На кој успех во вашата кариера најмногу се гордеете?
Луис Хамилтон: "Јас бев првиот Шампион во Формула 1 од работничката класа. Горд сум што го отворив патот за другите. Една од моите омилени фрази е - Не можеш да бидеш она што не го гледаш.
Секој што ме гледа на подиумот, дури и ако е дете, може да биде инспириран да ги следи своите соништа. Ако тоа се случи, јас сум ја завршил мојата работа добро.
Разновидноста е проблем со кој треба да се соочи Формула 1. Сакам да помогнам спортот да напредува, не само со инспирирање на другите, туку и со соработка за создавање на повеќе можности за луѓе од различни заедници."Дали тој е навистина неписмен или се обидува да преработи 70 години од историјата на Ф1 како му одговара него?!?
Само изминатите неколку декади од историјата на Формула 1 жестоко го демантираат!!!
Таткото на Хакинен беше таксист, таткото на Шумахер беше ѕидар, таткото на Алонсо беше работник во фабрика, Кими немаше тоалет во неговата куќа, а неговите родители требаше да работат повеќе работи за да ја финансираат неговата професионална тркачка кариера.
Луис Хамилтон не бил прв, па нити последен кој си ги остварил своите соништа. Таткото на Ветел беше столар.