Според германските новинари на АутоБилд и Ф1Инсајдер, страстите во Ф1 падокот се разгоруваат. Покрај Рејсинг Поинт, по официјалното прогласување на одлуката на ФИА, сега на мета на противниците е и Мерцедес АМГ.
Тие велат дека во Формула 1 во тек е војна во која Мерцедес АМГ е во средината.
Ферари, Мекларен, Рено и Вилијамс сеуште не може да поверуваат дека и покрај тоа што дизајнерскиот процес на 2020 болидот на Рејсинг Поинт, RP20, беше класифициран како нелегален, но му е дозволено да продолжи со возење без никакви промени.
ФАКТ: ФИА потврди дека податоци и делови од болидите се разменувани помеѓу Мерцедес АМГ и Рејсинг Поинт.
Ова не го прави баш среќен тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Зајдл: "Важно е што т.н. бајка на РП е конечно расчистена, дека некој имал визија, купил голема камера и ги користел фотографиите за да произведе болид со кој можете да се борите за подиумот."
Баварeцот во редовите на Мекларен, не само што ги обвинува менаџерите на Рејсинг Поинт за лажење, туку индиректно исто така и шефот на тимот на Мерцедес АМГ, Тото Волф, бидејќи тој упорно се држи до верзијата за моќната камера на РП.
"Денес имате многу моќни 3Д камери, кои ако ги приклучите на компјутер, можете да ги извлечете сите информации од тоа", објасни Волф за Скај Ф1.
"Технологијата постои. И нема ништо што тоа го забранува. Секој има свои шпионски фотографи ангажирани за да ги фотографираат сите и најситни детали од другите болиди."
Но, тактиките на замачкување на јавноста од страна на Тото Волф не палат кај нивните ривали. На пример, шефот на Мекларен, Зак Браун, го опишува ова објаснувањето како "срање" и предупредува: "Сега се доведува легалноста на РП болидот како целина."
Тото Волф за време на Јубилејното Гран При, изнервиран продолжи да истура масло на огнот.
"Мислам дека требаше да покажат поголема смиреност и да признаат дека некој направил добра работа. Се формира „мала група“ на бунтовници, кои сакаат да тргнат по Рејсинг Поинт", при тоа служејќи се со удар по појас, "Малa во секој поглед."
Tимскиот шеф на Мерцедес АМГ, исто така, го вовлече Хас во игра како болид копијана Ферари.
"Имавме случај со Хас во 2015 година. Тие го добија целиот болид од Ферари тогаш. Немаше ниту еден дел што тие сами си ги дизајнираа. Сето тоа го направи Ферари. Тие искористија дупка во правилата, бидејќи тогаш не беа регистрири како Ф1 тим. И тие беа прилично конкурентни затоа што тоа беше копија на Ферари."
Тимскиот шеф на Хас, Гунтер Штајнер, вели дека тоа не е вистина, нарекувајќи ги обвинувањата на Волф како "тоталнo срање."
"Ние секогаш сме го користеле она што легално можевме да го купиме, што никогаш и не го криевме од јавноста. Од една страна, да дадете канали за ладење на сопирачките, и потоа тој некој да направи милиметарска копија на целиот болид е малку екстремно тврдење."
"Тоа се зборови на човек кој си ја има мувата на капата. Мислам дека тој се најде во небрано, и сега се обидува да го насочи фокусот кон други нешта."
Според новинарите на овие два медиуми, едно е сигурно, расположението во падокот не е баш најдобро и бесот на тимовите со легалноста на РП20 веќе не е насочен само против Рејсинг Поинт, туку сега и против Мерцедес АМГ.
ФОРМУЛА 1 ВОЈНА ВО ПАДОКОТ
8/10/2020 08:39:00 PM
0
Share to other apps




