Според неа Аиртон Сена е најбрзиот возач во изминатите 4 декади, пред Михаел Шумахер и Луис Хамилтон. Утврдено е дека Бразилецот е една десетинка побрз од Михаел Шумахер, додека Луис Хамилтон се наоѓа на третото место, со заостанување од 0.275 делови од секундата зад Сена.
Од тековните возачи само тројца се појавија во Топ 10 пласманот. Макс Ферстапен е само 0.005 делови од секундата побавен од Хамилтон, седми е Чарлс Леклер и Себастијан Ветел е десетти. Фернандо Алонсо, кој ќе се врати во Ф1 од следната година е на петтото место.
Роб Смедли, директорот на одделот за податоци на Ф1, поранешен инженер на Ферари и Вилијамс, рече дека моделот што се користел е сличен на оние што ги имаат тимовите кога сакаат да ги споредат перформансите на возачите при изборот кого да ангажираат.
"Во рамки на тимовите, овој вид моделирање се користи за донесување клучни одлуки за изборот на возачот, бидејќи најчесто тие се едни од најголемите финансиски трошоци за нив, па важно е да се донесе вистинската одлука."
"Со оваа студија сакавме да споредиме кој е најбрзиот возач во Ф1, на што е можно пообјективен начин и врз основа на докази. Студијата "Најбрз возач" ни овозможува да создадеме визуелизација на поредокот на возачите од повеќе времиња, анализирајќи го најчистиот показател за суровата брзина, квалификацискиот круг, и важно е да се забележи дека оваа чиста брзина е единствениот елемент што сме го анализирале, за да дојдеме до најбрзите возачи досега, што е многу возбудливо."
| НАЈБРЗ ВОЗАЧ ВО | |||
| ИЗМИНАТИТЕ 4 ДЕКАДИ | |||
| 1. | Аиртон Сена | / | |
| 2. | Михаел Шумахер | 0.114 | |
| 3. | Луис Хамилтон | 0.275 | |
| 4. | Макс Ферстапен | 0.280 | |
| 5. | Фернандо Алонсо | 0.309 | |
| 6. | Нико Розберг | 0.374 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 0.376 | |
| 8. | Хеики Ковалаинен | 0.378 | |
| 9. | Јарно Трули | 0.409 | |
| 10. | Себастијан Ветел | 0.435 | |
| 11. | Рубенс Баричело | 0.445 | |
| 12. | Нико Хулкенберг | 0.456 | |
| 13. | Валтери Ботас | 0.457 | |
| 14. | Карлос Саинц Јр. | 0.457 | |
| 15. | Ландо Норис | 0.459 | |
| 16. | Даниел Рикиардо | 0.461 | |
| 17. | Џенсон Батон | 0.462 | |
| 18. | Роберт Кубица | 0.463 | |
| 19. | Џанкарло Физикела | 0.469 | |
| 20. | Алан Прост | 0.514 | |


