Теоретски најбрзата стратегија за Британското Гран При, кое се состои од 52 кругови е едно застанување за промена на гуми, под претпоставка дека температурите ќе бидат слични на вчерашните.
Најбрзиот начин е да се стартува на црвените гуми со стинт од 18-22 круга, а потоа да се заврши трката на белите гуми.
Втората најбрза варијанта се две застанувања во бокс, со два почетни стинтови на црвените гуми, од по 16-18 круга, и краен стинт на жолтите гуми. Белите гуми може да се користат како алтернатива на жолтите гуми, или за средниот или за последниот стинт.
Трета најбрза варијанта е едно застанување во бокс, почетен стинт на жолтите гуми, од 21-24 круга, потоа бели гуми до самиот финиш. Според Пирели има една невозможна стратегија, старт на црвени и финиш на жолти гуми со еден пит-стоп.
Половината од најбрзите десет возачи, своите најбрзи времиња во Q2 сесијата ги забележаа на медиум смешата, и тоа двајцата возачи на Мерцедес АМГ, Макс Ферстапен, Чарлс Леклер и Ленс Строл. Како резултат, тие утре ќе ја започнат трката на жолтите гуми. Возачите на Мекларен, Рено и Себастијан Ветел ќе стартуваат на црвените гуми на Пирели.
Марио Изола, Пирели: ""Со оглед на тоа што температурите на квалификациите беа доста поладни отколку за време на петочните сесии, саботниот тренинг беше особено важен."
"Главна карактеристика за квалификациите беа жолтите гуми, кои беа користени од половина од Топ 10 возачите за да ја поминат Q2 сесијата. Четворицата на врвот на гридот ќе ја започнат трката на оваа смеша, што теоретски не е најбрзата стратегија."
"Сепак, таа нуди повеќе опции и подолг прв стинт на патека која што е позната по својата суровост кон пневматиците. Асфалтот се подобруваше во текот на квалификациските сесии, по што двапати беше поставен нов рекорд во последната Q3 сесија."
| 2020 БРИТАНСКО ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 5. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 6. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 7. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 8. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 9. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 11. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 12. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 13. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 14. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 15. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 17. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ* | |
| 20. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС** | |
* 5 места - нов менувач
** 5 места - непочитување жолти знамиња
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





