Овој викенд ќе биде и првпат да се вратиме во Белгија по трагичниот ицидент од минатогодишната Ф2 трка кога животот го загуби Антоан Хуберт. Тоа беше мрачен ден за целата мотоспорт заедница и нашите мисли ќе бидат со неговото семејство и пријателите.
Тоа е една од неколкуте патеки кои ја задржаа магијата на нивниот оригинален изглед и преку новиот, модернизиран и скратен распоред, благодарение на своите легендарни делови како Eau Rouge, Pouhon и Blanchimont.
Искачувањето преку Eau Rouge до облаците надвиснати над дрвјата од шумите на Ардените е една од повеќето незаборавни глетки во овој мотоспорт. СПА-Франкоршамп се карактеризира со долг круг од седум километри, кои се поминуваат со голема брзина, големи промени на елевацијата, брзи свиоци и променливи временски услови.
Белгиското Гран При е трка каде што може да се случат многу неочекувани пресврти, со висока шанса за безбедносното возило, до неочекувана промена на времето, па стратегија на тимовите е многу значајна, т.е. нивната способност да ги прочитаат овие услови и да реагираат најбрзо што можат.
СПА-Франкоршамп, го претставува најтешкиот тест за Погонските единици во сезоната. Времето поминато под полн гас е на нивото на Монца, но свиоците и промената во елевацијата ја зголемуваат нивната оптовареност.
Eau Rouge и Raidillon се едни од најпознатите свиоци во Формула 1, но предизвикот за нивно минување се менуваше со годините. Со сегашната генерација на болиди, тие практично се поминуваат без пуштање на педалот за гас, што значи дека реално имаме дво-километарски правец до Les Combes свиокот. Сепак, и тоа не е лесна задача, кога имаме исклучително големо оптоварување за амортизацијата на болидите.
Првиот и третиот сектор на СПА побаруваат голема моќност од ПЕ и мал отпор на болидите. Спротивно на тоа, вториот сектор е бавен, со голема побарувачка за потисна сила, и всушност може да се спореди со Монако во некои аспекти. Ова создава голема главоболка за инженерите и нивниот компромис при подесувањето на болидите
Пирели, за разлика од минатата година номинираше еден чекор помеки смеши и тоа C2, C3 и C4 како бели, жолти и црвени соодветно. Овој избор е направен затоа што повеќето возачи, лани, воглавно бираа само медиум и меки гуми, и само по еден сет од најтврдата смеша.
Оваа година немаат можност за избор, бидејќи распределбата за сите возачи е стандардна: два бели, три жолти и осум црвени комплети на пневматици.
Статистички гледано, Пол позицијата не е многу значајна на оваа патека, бидејќи таа е една од најлесните во календарот кога претекнување е во прашање, а тоа, исто така, е важен фактор при избор на тркачката стратегија.
Додека во Шпанија возачите беа во можност да останат подолго на патеката, имајќи го во предвид сознанието дека претекнување е речиси невозможно, и со тоа добивајќи голема предност за да си ја задржат позицијата, на СПА тоа е многу потешко изводливо.
Времето на СПА-Франкоршамп е доста непредвидливо, а поради долгиот круг, не е невообичаено некои делови од патеката да бидат натопени во вода, а други да бидат комплетно суви. Количината на вода околу патеката може да биде неверојатно разновидна и ова го отежнува донесувањето на вистинките стратегиски одлуки.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Делумно Сончево, 17/20°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Наизменични Облаци, 19/20°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Претежно Сончево, 17/22°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Претежно Сончево, 19/22°C | |
| ТРКА | 15:10 MK | Облачно, Дожд 17/18°C | |
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Од седумте точки за сопирање на оваа патека, три се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, две се со средна тешкотија и две се лесни. Иако ова е најдолгата патеки во календарот, сопирачките се користат само 7 пати, исто како и на Ред Бул Ринг, која е пократка за 2.7 километри.Најтешкиот дел за сопирање е 18-от свиок, кога болидите од 333км/ч намалуваат до 92км/ч за време од 2.78 секунди и растојание од 134 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 207 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.9Г при забавување.
Понизок степен на забавување е регистриран во првиот свиок, каде болидите пристигнуваат со брзина од 325км/ч и притискаат на сопирачките само 2,01 секунди, и растојание од 119 метри. Друг критичен дел за сопирање е 4-от свиок, бидејќи во само 105 метри болидите од 299км/ч треба да намалат на нешто над 160км/ч.
Михаел Шумахер е најуспешен возач со шест победи, а Ферари најуспешен конструктор со 15 Победи на оваа патека, 18 на Белгиското ГП, пред Мекларен со 12 Победи. Далеку назад се Мерцедес АМГ со четири, Вилијамс и Ред Бул со по три победи
Временскиот распоред е типичен за Европските патеки и може да го погледнете подетално на следниот ЛИНК.







