Денес, 21 август, Ф1 тимовите и официјално од ФИА ја добија техничката директива бр.37 посветена на забраната на т.н. "квалификациски" модови на Погонските Единици.
Суштината на документот е дека, почнувајќи од Италијанското Гран При, Погонските Единици во квалификациите и во трките мора да бидат подесени во истиот режим на работа.
Но, во исто време, сè уште се дозволува употреба на таканареченото копче за претекнување во трките, кое е лоцирано на воланот, и кое што овозможува одредено време да се активира режим на зголемена моќност на ПЕ.
Разликата меѓу него и она што се забранува е следново: Квалификацискиот Режим на ПЕ не дозволува негово користење повеќе од пет круга во текот на сите денови од викендот, додека вториот режим, за претекнување, би можел да се користи 25 круга.
Но, бидејќи возачите не можат да запомнат точно кога и колку круга го вклучиле копчето за претекнување, нивните инженери го правеле броењето, но ова сега ќе се смета за кршење на правилата.
ФИА се стреми да обезбеди дека се применуваат истите поставки на ПЕ од почетокот на квалификациите до финишот на трката. Но, во пракса, оваа забрана не е така лесно да се спроведе, затоа во техничката директива се предвидуваат голем број исклучоци кои овозможуваат употреба на други режими на работа на ПЕ.
Конкретно, ова се однесува на ситуации кога возачот е на пат кон стартниот поредок, кога се следи безбедносниот автомобил или се вози во режим на виртуелен безбедносен автомобил, на последниот круг до своите гаражи по завршување на трката, на круговите пред квалификацискиот брз круг и после него.
Поставките на ПЕ можат да варираат од трка до трка, т.е. во Монца нема да бидат исти како во Муџело, и секако нема да бидат исти како во Сочи.
Употребата на копчето за претекнување ќе биде строго контролирана и ќе биде дозволена само во одреден број кругови од трката.
Од безбедносни причини, во исклучителни случаи, може да се применат некои други специјални режими, меѓутоа, по нивното активирање, тимовите мораат веднаш да ја известат ФИА.
Бидејќи моторите инсталирани во болидите на еден тим може да се разликуваат во однос на километражата и преостанатиот век, производителите може да изберат различни поставки за двајцата возачи.
Меѓутоа, откако тие ќе се префрлат на третиот и последен мотор доделен на секој возач, сите мотори од ист производител мора да имаат исти конфигурации.
ОФИЦИЈAЛНО: ФИА ЈА ИСПРАТИ ТД37 ДО Ф1 ТИМОВИТЕ
8/21/2020 08:55:00 PM
0
Tags
Share to other apps





