Валтери Ботас се погрижи за нов прв ред за Мерцедес АМГ, но за разлика од својот тимски колега, кој блескаше, Финецот го победи Макс Ферстапен за минимални 0.015 делови од секундата.
Холанѓанецот по тимското радио изјави дека можел да го победи Мерцедесот доколку не останел без енергијата од хибридниот дел на ПЕ на крајот од неговиот последен круг.
Даниел Рикиардо ќе стартува од четвртата позиција, откако беше потиснат од Ферстапен во последниот брз круг, додека возачот на Рено се откажа од својот последен обид.
Алекс Албон го постави вториот Ред Бул на петтата позоиција пред Естебан Окон, кој со вториот болид на Рено со последниот брз круг го потисна Карлос Саинц Јр. на 7-та позиција за Мекларен.
Возачите на Рејсинг Поинт, Серџо Перез и Ленс Строл се изборија за осмата и деветтата позиција, откако во Q3 сесијата имаа само по еден брз круг, додека Ландо Норис го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи на квалификациите за ГН на Белгија.
Двајцата возачи на Мерцедес АМГ и Макс Ферстапен трката ќе ја започнат на жолтите гуми, додека останатите возачи од Топ 10 ќе стартуваат на црвените гуми на Пирели, секако доколку патеката остане сува.
Ферари успеа да избегне голем срам и ја помина Q1 сесијата, но двајцата нивни возачи беа елиминирани во Q2. Чарлс Леклер и Себастијан Ветел ќе стартуваат од 13-тата, т.е. 14-тата позиција, само една година подоцна од обезбедувањето на минатогодишната прва позиција.
Големата Награда на Белгија, која се вози на патеката СПА-Франкоршамп, е закажана за 15:10 часот по македонско време со директен пренос на ТВ 24Вести.
| 2020 БЕЛГИСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:41.252 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:41.763 | + 0.511 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:41.778 | + 0.526 |
| 4. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:42.061 | + 0.809 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:42.264 | + 1.012 |
| 6. | Естебан Окон | Рено | 1:42.396 | + 1.144 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:42.438 | + 1.186 |
| 8. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:42.532 | + 1.280 |
| 9. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:42.603 | + 1.351 |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | 1:42.657 | + 1.405 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:42.014 | ||||
| 11. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:42.730 | + 0.716 |
| 12. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:42.745 | + 0.731 |
| 13. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:42.996 | + 0.982 |
| 14. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:43.261 | + 1.247 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:43.468 | + 1.454 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:42.232 | ||||
| 16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:44.435 | + 1.420 |
| 17. | Роман Грожан | Хас | 1:44.507 | + 1.515 |
| 18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:44.518 | + 1.627 |
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:44.548 | + 1.815 |
| 20. | Кевин Магнусен | Хас | 1:45.548 | + 1.991 |
| 107% време: 1:49.388 | ||||
| ВИДЕО РЕЗИМЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 2:05.591 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.197 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:46.744 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.553 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:58.179 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:42.519 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:41.252 |
||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||




