Валтери Ботас ја помина целата трка во Силверстон возејќи неколку секунди зад Луис Хамилтон, но на два круга пред финишот неговата предна лева гума се распадна. Финецот возеше цел еден круг до боксевите, направи пит-стоп и заврши на 11-то место. Тоа значи дека во генералниот пласман на возачи сега заостанува огромни 30 поени зад Луис Хамилтон.
Валтери Ботас: "Секако, јас сум многу разочаран. Имав несреќа што гумата се дупна на почетокот на кругот. Морав да возам цел круг полека до боксевите. Знаевме дека ќе мора да возиме долг стинт на белите гуми, тоа имаше за цел да се изврши притисок врз Луис. Гумата прво вибрираше, го пријавив ова во тимот. Имав на ум дека може да започнат проблеми, па се обидов да ја контролирам состојбата на гумата."
"Сè се случи неочекувано, не очекував ваков развој на настаните. Немам ништо повеќе да додадам. Секој може да има проблеми со гумите за следната недела поради потоплото време. Со оглед дека ќе добиеме помеки смеши, нема да биде возможно да се вози трката со еден пит-стоп. Сигурен сум дека ќе извлечеме поука од изминатиов викенд. Јас немам друг избор освен да продолжам понатаму."
ВАЛТЕРИ БОТАС: СЕ СЕ СЛУЧИ НЕОЧЕКУВАНО...
8/02/2020 08:08:00 PM
0
Share to other apps



