Во поголемиот дел од Британското Гран При, Чарлс Леклер беше четврти, но во последните кругови ги искористи проблемите на Валтери Ботaс и се искачи на Победничкиот Подиум.
"Многу тешка трка. Откако дознав за проблемите на Валтери, исто така и јас забавив. Неколку мигови подоцна, Карлос ги имаше истите проблеми, а по еден круг, Луис. Во овој поглед, денес имав среќа.
Направивме добра работа и го забележавме најдобриот можен резултат."
"Јас сум многу задоволен со менаџирањето на пневматиците на Пирели, од стартот до самиот крај, како и со балансот на болидот. Неговата брзина не ги исполнува нашите очекувања, но денес ја искористивме укажаната прилика."
"Не знам кои се причините за проблемите на нашите конкуренти со гумите. Можеби тоа се остатоци на патеката. Но, ми се чини дека проблемите за Луис и Валтери започнаа на различни места. Можеби изборот на гуми за следната трка ќе биде разгледан, но не знам со сигурност. Пирели ќе ја анализира ситуацијата."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР: ДЕНЕС ЈА ИСКОРИСТИВМЕ УКАЖАНАТА ПРИЛИКА
8/02/2020 07:33:00 PM
0
Share to other apps



