Најновите гласини од Ф1 падокот се дека ФИА планира да забрани употреба на специјалните квалификациски модови на ПЕ кои имаат за цел краткорочно зголемување на нивната моќност за време на еден брз круг.
Отпрвин, стануваше збор дека оваа забрана ќе стапи во сила од следната сезона, но сега се вели дека тоа може да се случи веќе од Белгиското Гран При. За ова, на ФИА и треба согласност од шест од десетте Ф1 тимови, што изгледа доста реално.
Промената на правилата во текот на една сезона, секогаш изгледа контроверзно, но колку тоа би влијаело на исходот на шампионатот е знак прашалник.
Tимовитe добиле писмо потпишано од генералниот секретар на ФИА, Питер Баер, во кое се објаснуваат плановите на федерацијата да воведе правило според кое поставките на ПЕ во квалификациите треба да бидат точно исти како во трката.
Новите ограничувања за употреба на квалификациските поставки се очекува најтешко да го погодат Мерцедес АМГ. Конкурентите сметаат дека шампионскиот тим најголемиот дел од своите тркачки перформанси го должи на предноста што ја имаат во квалификациите.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.



