Со своите 730 метри, правецот од стартната линија до првиот свиок е најдолг од сите патеки во календарот. Каталуња има одредени карактеристики на брза патека, со каква што возачите се сретнаа на минатата трка на Силверстон избалансирана со бавни свиоци во последниот сектор споредливи со оние на Хунгароринг. Ова е патека што го тестира секој аспект на Ф1 болидите.
Каталуња не е особено погодна за претекнување, дури и со помош на ДРС-системот. Клучните области за брз круг во Барселона е доброто реагирање на хибридните компоненти на ПЕ во брзите свиоци, како што се тие со број 3 и 8 и да се задржи стабилноста на болидот при сопирање и шалтањето во помали брзини во побавните свиоци како што е тој со број 10.
Патеката се карактеризира со просечна брзина со добар опсег на разновидни свиоци. Ја нагласува ефикасноста на добро избалансиран болид во однос на отпорот и потисната сила. Тимовите имаат тенденција да настапат со помалку ефикасен аеро-пакет, толерирајќи повисока потисна сила со поголеми задни крила со цел да се добие максималната моќност во свиоците.
Во 2018 година, Каталуња беше ре-асфалтирана, што ја смени претходно нерамната и абразивна природа. Сепак, асфалтот оттогаш е "созреан", што го прави повеќе сличен на тоа како беше претходно.
Затоа, од Пирели ги номинираа најтврдите смеши во нивниот опсег. Белите гуми ќе бидат направени од C1 смешата, жолтите гуми ќе бидат направени од C2, додека црвените, најмеки гуми, ќе бидат направени од C3 смешата.
Еден од предизвиците во Барселона ќе температурата. Иако тимовите ќе имаат "тони" податоци од пред-сезонските тест сесии, но, тие се собрани на значително постудено време од околу 20°C. Во текот претстојната трка, најверојатно, ќе се забележат температури на патеките околу 50 °C. Ова го отежнува подесувањето на болдиот и претставува клучен фактор што треба да се разбере во тренинг сесиите.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно Сончево, 27/32°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Сончево, 28/31°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Претежно Сончево, 29/33°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Претежно Сончево, 30/34°C | |
| ТРКА | 15:10 MK | Претежно Сончево, 28/31°C | |
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
Точка на најголемо оптеретување на сопирачките.
Од осумте точки за сопирање на патеката Каталуња, две се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, три се со средна тешкотија и три се лесни. За разлика од сите други патеки, на оваа нема ниту еден свиок во кој сопирачките се користат помалку од една секунда.Најтешкиот дел за сопирање е 10-от свиок, кога болидите од 319км/ч намалуваат до 79км/ч за време од 2.9 секунди и растојание од 129 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 196 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на 5.2Г при забавување.
Понизок степен на забавување е регистриран во првиот свиок, каде болидите пристигнуваат со брзина од 325км/ч и притискаат на сопирачките само 2,01 секунди, и растојание од 119 метри. Друг критичен дел за сопирање е 4-от свиок, бидејќи во само 105 метри болидите од 299км/ч треба да намалат на нешто над 160км/ч.




