Возачите на Мерцедес АМГ попладневниот тренинг го завршија на трета и шеста позиција на табелата, и додека на сите ни е јасно дека шампионскиот тим има многу повеќе сила, Луис Хамилтон и Валтери Ботас сметаат дека борбата на утрешните квалификации ќе биде многу блиска.
Луис Хамилтон: "Во принцип, денот беше добар. Обожавам да возам на оваа патека, убава е, и иако врнеше за време на сесиите во Ф3 и Ф2, нашиот тренинг, за среќа, се одвиваше на сува патека. Имавме доволно време да комплетираме многу кругови и да го подесиме болидот."
"Резултатите се многу блиски, и мислам дека Ред Бул е малку побрз од нас, додека Рејсинг Поинт е практично на наше ниво. Даниел Рикиардо е исто така многу брз со Рено, но сето ова само ја прави нашата задача поинтересна."
"Сè се одвива добро, но W11 се однесува поинаку на различни патеки. На некои од нив сме пред сите, на некои малку заостануваме, па пред почетокот на Белгиското Гран При претпоставував дека борбата само ќе се засили, а тоа е веќе потврдено."
"Мора да се обидеме да разбереме која е причината за ова: дали се подобриле конкурентите, дали ние направивме чекор назад или тоа е поврзано само со конфигурацијата на патеката, со други нивоа на моќност? Кој знае. Но, дефинитивно не очекува интересенвикенд."
Валтери Ботас: "Мојот роденден е пријатен, затоа што можеше да биде многу полошо. Првата сесија беше особено добра, каде го забележав најбрзото време, втората беше малку потешка, иако немаше посебни потешкотии со управувањето на болидот, едноставно не успеав да комплетирам добар круг. Но, не се сомневам дека ќе можеме да поработиме на поставките и да се вратиме на нивото на кое бевме во првата сесија."
"Иако, да бидам искрен, буквално од првиот круг, болидот покажа склоност кон подуправливост, што беше поизразено во втората сесија. Мислам дека можам да возам побрзо ако можеме да го подобриме грипот на предните тркала, така што болидот ќе е посигурен во свиоците."
"Секоја година мислам дека не е возможно да возиме уште побрзо на оваа патека, и секоја година болидот не демантира. Задоволство ми е да возам овде, навистина ми се допаѓа патеката. Борбата во квалификациите ветува дека ќе биде многу блиска, и иако сум сигурен дека ќе успееме да се подобриме, сè ќе зависи од брзината на нашите ривали."
ХАМИЛТОН: РЕД БУЛ СЕ ПОБРЗИ, НИЕ СМЕ НА НИВО НА РЕЈСИНГ ПОИНТ
8/28/2020 08:30:00 PM
0
Share to other apps




