Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Белгија. Возачот на Ред Бул е задоволен од почетокот на викендот, но се сомнева дека ќе може да наметне борба со Мерцедес АМГ на утрешните квалификации. Алекс Албон, неговиот тимски колега вториот тренинг го заврши на четвртото место.
Макс Ферстапен: "Задоволен сум со тоа како помина денот, но е рано да се извлечат заклучоци. Го започнавме викендот добро, но има области каде што треба да се подобриме, Ф1 болидот никогаш не е совршен. Сепак, јас сум прилично задоволен."
"Брзината на Мерцедес АМГ? Лично, мислам дека тие имаа некаков проблем со балансот на болидите, но изгледаа доста конкурентни при тркачките симулации. Претпоставувам дека утре тие ќе бидат побрзи и мислам дека не можам да наметнам борба за Пол позицијата со нив."
"Наместо тоа, во квалификациите, возачите на Рејсинг Поинт, може да ни ги отежнат работите, но во трката тие не би требало да ни претставуваат поголем проблем."
Алекс Албон: "Болидот се однесуваше многу добро од почетокот на сесиите. За овој викенд подготвивме неколку нови надградби, по што управувањето стана подобро. Покрај тоа, болидот има добар баланс во свиоците. Мило ми е што сè оди како што треба."
"Со новите поставки на моторот тешко е да се најде брзина на правците, каде одредени тимови, особено Рено и Рејсинг Поинт, се определија за макслимална брзина. Барем на правците, нивните болиди се побрзи од нашите. Но, ајде да видиме што ќе се случува утре."
ФЕРСТАПЕН: ШАНСИТЕ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈА СЕ МИНИМАЛНИ
8/28/2020 07:41:00 PM
0
Share to other apps





