Мерцедес АМГ објави дека го продолжи договорот со Валтери Ботас барем до крајот на сезоната 2021 во Формула 1. Новиот аранжман за Финецот значи петта последователна сезона со тимот на сребрените стрели. Тој се приклучи на тимот во 2017 година и оттогаш забележа само осум победи. Сепак, Ботас имаше значајна улога во успехот на тимот во шампионатот на Конструктори.
Валтери Ботас:: „Јас сум многу среќен што останувам со Мерцедес АМГ и во 2021 година и го надградувам успехот што веќе го уживавме заедно. Благодарам на сите во тимот и поширокото семејство Мерцедес за нивната континуирана поддршка и нивната доверба во мене. Јас сум многу горд што го претставувам овој одличен тим и трикратната ѕвезда на нашето патување повторно следната година. Убеден сум дека денес Јас сум најсилна форма, но границата секогаш може да се зголемува."
"Уште од кога се заљубив во Ф1 како дете, мојот сон беше еден ден да станам Шампион. Јас сум во борба за титулата и останувањето во Мерцедес АМГ ме става во најдобра можна позиција да се натпреварувам и за следната. Дупнатат гума на минатонеделната трка беше удар во мојата борба со Луис, но решен сум овој викенд да се вратам посилен на истата патека."
Тото Волф: "Ние сме многу возбудени што Валтери ќе остане во тимот барем уште една сезона. Го гледаме најсилниот Валтери што некогаш сме го виделе годинава, во однос на неговиот настап на патеката, но и физички и ментално."
"Убеден сум дека денес имаме најсилното возачко дуо во Ф1 и потпишувањето на договорот е важен прв чекор за зачувување на оваа сила за иднината. Валтери е вреден, директен човек кој има добри односи со целиот тим, вклучувајќи го и неговиот тимски колега, што не е одлика кога обајцата возачи се борат за Титулата."
ОФИЦИЈАЛНО: ВАЛТЕРИ БОТАС ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО МЕРЦЕДЕС АМГ
8/06/2020 08:12:00 PM
0
Share to other apps


