Инженерите на Пирели ја завршија својата првична анализа на голем број гуми што беа употребувани на неделното Британско Гран При. Тоа им овозможи да ги идентификуваат причините за дупнатите гуми на возачите на Мерцедес АМГ и на Мекларенот на Карлос Саинц Јр..
Клучната причина е серијата на засебни настани кои што доведоа до крајно долга употреба на вториот сет на гуми.
Вториот период на безбедносниот автомобил ги натера скоро сите тимови да го направат планираниот пит-стоп порано и така да спроведат особено долг финален стинт од околу 40 круга, што е повеќе од три четвртини од вкупната должина на трката на една од најпребирливите патеки за гумите во Ф1 календарот.
Тоа во комбинација со забележително зголемените перформанси на 2020 болидите, кога времето за Пол позицијата беше 1.2 секунди побрзо во однос на 2019 година, ги направи финалните кругови на трката особено тешки за пневматиците, како последица на најголемите сили што некогаш биле генерирани од најбрзите болиди во историјата на Формула 1. Предната лева гума, беше ставена под максимален стрес после и најмалку заштитена од екстремните сили во игра.
За втората трка на Силверстон, Пирели ги потврди претходно номинираните смеши: C2, C3 и C4, што се за еден чекор помеки од оние што беа номинирани за изминатиот викенд. Сепак, како превентива, од Пирели ќе ги зголемат минималните притисоци во гумите за да се намали стресот врз нив.
ПИРЕЛИ ЈА ОТКРИ ПРИЧИНАТА ЗА ДУПНАТИТЕ ГУМИ
8/04/2020 09:22:00 PM
0
Share to other apps



