Нико Хулкенберг ќе продолжи да вози за тимот на Рејсинг Поинт заедно со Ленс Строл на Јубилејното 70 години Ф1 Гран При на Силверстоун овој викенд, како замена за нивниот прв возач, Серџо Перез.
32-годишниот Германец му се придружи на тимот за време на Британското ГП, одржано минатиот викенд и веднаш импресионираше на патеката, по осум месечната пауза од Формула 1.
Тој, за жал, не беше во можност да ја започне трката поради откачен штраф во Мерцедес ПЕ, но неговиот настап во трите тренинзи и квалификациите ќе обезбеди силна почетна точка за викендот што следи.
Откако претходно беше дел од семејството на овој тим во разни улоги како тест и прв возач помеѓу 2011-2016 година, Нико лесно се реинтегрираше во оваа работна околина.
Иако карантинот беше изминат, новиот тест на Серџо Перез беше позитивен и тој ќе продолжи да ги следи насоките на здравствените органи на Англија. Тој е физички добар и закрепнува. Тимот и сите ние му посакуваме побрзо оздравување на Серџо и неговото семејство и со нетрпение го очекуваме неговото враќање.
ВТОРА ШАНСА ЗА ХУЛК НА СИЛВЕРСТОУН
8/07/2020 10:53:00 AM
0
Share to other apps


