Слични услови имавме и изминатиот петок, кога сите се пожалија на брзото трошење на црвените гуми, кои пак за овој викенд се еден чекор помеки.
Сите тимови на првата тренинг сесија се фокусираа за проценка на новата помека смеша и нејзината ефикасност. Ферари дури и имаа инсталирано специјални камери за да го следат однесувањето на задните гуми.
Однесувањето и одредени изјави на тимските шефови секако укажува на тоа дека тимовите имаа за цел да потрошат што е повеќе од црвените сетови на гуми, кои во вакви временску услови се неупотребливи, со тоа заштедувајќи ги жолтите и бели гуми за квалификациите и трката.
Значи, како најава за утрешниот ден може да кажеме дека најбрзите тимови со сигурност ќе се обидат да ја поминат Q2 сесијата на жолтите гуми, а тие што се сигурни во својата брзина ќе се обидат најверојатно и со најтврдите бели гуми.
Сепак, се ќе зависи и од разликата помеѓу смешите, што секако нема да биде целосно позната ако тимовите не ги испробаат и другите смеши.
Во тимот на Алфа Ромео, Роберт Кубица привремено го замени Антонио Џовинаци, додека Нико Хулкенберг ќе продолжи да го заменува Серџо Перез, кој и на вчерашниот тест е позитивен.
Германецот имаше прилично добар настап на првиот тренинг забележувајќи го четвртото најбрзо време и беше половина секунда побрз од неговиот тимски колега, Ленс Строл.
Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 16:00 часот по македонско време.
| 70 ГОДИНИ Ф1 ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:26.167 | 20 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.304 | + 0.138 | 22 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:26.893 | + 0.727 | 23 |
| 4 | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | 1:26.942 | + 0.776 | 24 |
| 5 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:27.062 | + 0.896 | 19 |
| 6 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:27.280 | + 1.114 | 21 |
| 7 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.498 | + 1.332 | 20 |
| 8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:27.539 | + 1.373 | 25 |
| 9 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:27.653 | + 1.487 | 26 |
| 10 | Естебан Окон | Рено | 1:27.701 | + 1.535 | 22 |
| 11 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:27.707 | + 1.541 | 23 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:27.846 | + 1.680 | 24 |
| 13 | Роман Грожан | Хас | 1:27.908 | + 1.742 | 25 |
| 14 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:28.138 | + 1.972 | 27 |
| 15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:28.170 | + 2.004 | 23 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:28.226 | + 2.060 | 23 |
| 17 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:28.511 | + 2.345 | 22 |
| 18 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:28.655 | + 2.489 | 23 |
| 19 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:28.960 | + 2.794 | 22 |
| 20 | Кевин Магнусен | Хас | 1:29.319 | + 3.153 | 17 |
| ВИДЕО РЕЗИМЕ - Т1
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.508 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.155 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.660 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:29.106 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.487 2019 Пјер Гасли - Ред Бул - 1:27.173 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:27.422 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:26.166(70ГП) |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




