Финецот успеа да биде за 0.063 делови од секундата побрз од Луис Хамилтон на негов домашен терен, кој пак се погрижи првиот стартен ред да остане за Мерцедес АМГ.
Нико Хулкенберг со сензационален финален обид си обезбеди старт од третата позиција, заменувајќи го болниот Серџо Перез во тимот на Рејсинг Поинт или како што сите почнаа да го нарекуваат Розевиот Мерцедес.
Помеките смеши на Пирели номинирани за овој викенд, ќе донесат трка со минимум два пит-стопа, а сите во најбрзите 10 утре ќе стартуваат на жолтите(медиум), освен Макс Ферстапен кој се одлучи за белите(најтврди) гуми на Пирели, а за овој викенд тоа се жолтите од минатиот.
Најтврдата смеша има потреба од повеќе време да ја постигне оптималната работна температура, но, на Холанѓанецот ќе му да даде повеќе стратегиски опции како што ќе се одвива трката. Тој ќе му прави друштво на Хулк на вториот стартен ред т.е. четвртата позиција на гридот.
Макс Ферстапен се префрли од жолтите на црвените гуми во неговиот последен брз круг во Q3 и иако се подобри, тоа не беше доволно за да се најде на вообичаената трета позиција.
Даниел Рикиардо беше трет по првата серија на брзи круга, но во вториот обид се префрли на жолтите гуми со кои не можеше да го подобри своето време по што падна на петтото место на табелата.
Ленс Строл не можеше подобро од шестото најбрзо време во вториот болид на Рејсинг Поинт, пред Пјер Гасли со АлфаТаури и Ферарито на Чарлс Леклер. Вториот возач на Ред Бул, Алекс Албон, заврши на деветтото место, а Ландо Норис со Мекларен ги заокружи најбрзите 10 возачи.
Трката за Јубилејното 70 години Ф1 ГП започнува од 15:10 часот по македонско време, со директен пренос на ТВ 24Вести.
| 70 ГОДИНИ Ф1 ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:25.154 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.217 | + 0.063 |
| 3. | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | 1:26.082 | + 0.928 |
| 4. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:26.176 | + 1.022 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:26.297 | + 1.143 |
| 6. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:26.428 | + 1.274 |
| 7. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:26.534 | + 1.380 |
| 8. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:26.614 | + 1.460 |
| 9. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:26.669 | + 1.515 |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | 1:26.778 | + 1.624 |
| Q2 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:25.785 | ||||
| 11. | Естебан Окон* | Рено | 1:27.011 | + 1.226 |
| 12. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.078 | + 1.293 |
| 13. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:27.083 | + 1.298 |
| 14. | Роман Грожан | Хас | 1:27.254 | + 1.469 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:27.455 | + 1.670 |
* казна 3 позиции (блокирање на Расел)
Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:26.738 |
||||
| 16. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:27.882 | + 1.144 |
| 17. | Кевин Магнусен | Хас | 1:28.236 | + 1.498 |
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:28.430 | + 1.692 |
| 19. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:28.433 | + 1.695 |
| 20. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:28.493 | + 1.755 |
| 107% време: 1:32.809 | ||||
| ВИДЕО РЕЗИМЕ - КВАЛИФИКАЦИИ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.766 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.248 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.287 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.600 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.892 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25.093 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.303 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25.154(70ГП) |
||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||




