Нико Хулкенберг не очекувал да се квалификува на третата позиција за стартот на утрешното Јубилејно 70 години Ф1 Гран При кое се вози на патеката Силверстон и секако кога веќе е таму се надева на успешна трка и пласман на Подиумот.
"Последните седум или осум дена беа неверојатни! Враќањето во Формула 1 е врв на изминатата недела и јас бев многу разочаран што не можев да ја стартувам минатонеделната трка. Овој викенд се чувствував многу поудобно зад воланот на RP20, и сум подобро подготвен за трката."
"Не беше лесно во квалификациите, во Q2 сесијата помислив дека се е готово кога имав мало излетување, и се плашев дека го оштетив болидот. Во финалната сесија, дадов се од себе и исцедив се од болидот. Малку сум изненаден од резултатот, но многу задоволен и среќен. Очекувам многу од утрешната трка."
"Ќе имам тешки моменти, бидејќи ја пропуштив последната трка, кога не можев да ги повторам сите операции, особено, процедурите за старт, што се многу невообичаени зад воланот на овој болид. Но, ќе бидам најдобар што можам."
"Ќе се обидам да учам брзо и да го забележам резултатот што го заслужуваме. Денес е само сабота и она што е најважно ќе се случува во недела. Секогаш е убаво да се освои третото место во квалификациите, но неможам да се радувам премногу, бидејќи утре е важен ден."
ХУЛК - ИЗНЕНАДЕН И ПРЕСРЕЌЕН
8/08/2020 07:32:00 PM
0
Share to other apps




